Нема место за нови автомобили во Сингапур

сообраќаен метеж сингапур

Сингапур има 5,6 милиони жители и околу 600.000 автомобили. Сообраќајните власти проценија дека е преголем бројот на автомобили и ставија забрана за регистрација на нови возила во островската држава.

Сингапур и досега не им го олеснуваше купувањето автомобил на своите жители, важејќи како една од земјите во коишто е најскапо да се поседува возило. Сега следува и целосна забрана. Од февруари во земјата не смее да се регистрираат нови патнички автомобили и мотоцикли. Старите моторни возила може да се заменуваат со нови.

Причина за воведувањето на оваа радикална мерка во градот-држава е ограничената копнена површина и потребата од изградба на јавниот градски превоз. Сообраќајните власти и досега го ограничуваа зголемувањето на возниот парк во земјата. Бројот на автомобили и мотоцикли смееше да се зголемува за 0,25 проценти на годишно ниво. Новите закони ќе важат до 2020 година.

Патиштата покриваат околу дванаесет проценти од копнената површина на Сингапур, не може да се дозволи изградба на нови патишта

Наспроти тоа, населението расте динамично. Од влегувањето во новиот милениум, бројот на жители во азиската островска држава е зголемен за 40% и достигна 5,6 милиони. Покрај 600.000 возила, соодносот меѓу бројот на жители и бројот на возила е релативно низок, споредено со европските држави. Во Германија, на пример, на околу 83 милиони жители се регистрирани над 45 милиони патнички возила.

http://dollarsandsense.sg/no-nonsense-explanation-on-why-cars-in-singapore-are-so-expensive/

За купување нов автомобил во Сингапур ќе биде потребно да се обезбеди сертификат, по цена колку самиот автомобил. Шокантни се и цените на автомобилите, кои може да бидат и до петпати повисоки отколку во Европа. Бројот на автобуси и доставни возила може и натаму да се зголемува до 2021 година – за само 0,25 проценти.

Сингапур не е единствен во воведувањето радикални мери во сообраќајот. Париз планира возилата со мотор со внатрешно согорување да исчезнат од метрополата до 2030 година, за што властите издвојуваат масивни суми. Субвенции им го олеснуваат купувањето електричен автомобил на граѓаните. Велика Британија, Холандија, Германија, речиси сите европски држави се подготвуваат за збогување со возилата со класичен погон, првенствено заради зачувување на квалитетот на воздухот.

Претходна објаваОвој модел на Toyota е шампион во гостопримливост
Следна објаваТечен метан на пат да го замени дизелот во камионите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here