Volkswagen, Skoda и Seat од иста фабрика во Алжир

volkswagen fabrika alzir

Концернот Volkswagen гледа голем иден пазар во Африка и ја отвори фабриката во Алжир. Таму заеднички ќе се произведуваат возила од марките Volkswagen, Skoda и Seat.

Во алжирскиот Релизане започна со работа фабрика на концернот Volkswagen во којашто се врши производство на четири различни модели од четири марки: Volkswagen Golf, Seat Ibiza, Skoda Octavia и Volkswagen Caddy – последниов како модел од VW комерцијални возила. Секој модел ќе се произведува на засебна лента, од следната година пристигаат уште Polo и Fabia.

Фабриката е под одговорност на Seat, кој за првпат во историјата произведува возила надвор од Европа. Ibiza е еден од најдобро продаваните модели во Алжир. Шпанците очекуваат дека со фабриката значително ќе се зголеми продажбата во земјата. Регионот на Северна Африка има големи потенцијали. Моментно на секои сто жители има по пет возила. Во развиените индустриски земји, овој сооднос е 2:1.

Партнер во заедничката инвестиција е локалната компанија Sovac, кој воедно располага и со главнината од акциите. Моментно во фабриката има 550 вработени. Во блиска иднина овој број ќе се зголеми на 1.800 лица. Дневно во фабриката ќе се произведуваат до 200 возила.

Претходна објаваПетстотини стартови на Bentley на тркачките патеки
Следна објаваХакери повторно го нападнаа Nissan Leaf: Чипот од iPhone е виновен

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here