Франција плаќа 10.000 евра за замена на дизел постар од 10 години

Француската влада ја намали старосната граница и во иднина ќе одобрува бонус од 10.000 евра на сопствениците на возила со дизел мотор постари од 10, место 15 години, доколку истите купат електричен или хибриден автомобил.

Сопствениците на автомобили со дизел мотор што се постари од 15 години кои ќе се решат за купување автомобил со хибриден или електричен погон во моментов добиваат по бонус во висина од 10.000 евра од француската влада, заради олеснување на купувањето на возилото. На тој начин, повисоката цена на електричните или хибридните возила се компензира и доаѓа на ниво на автомобил со обичен погон.

За натамошно охрабрување на граѓаните да се решат за овој чекор, француската министерка за екологија и енергија Сеголен Ројал планира старосната граница за дизел возилата да ја намали од 15 на 10 години, што ќе привлече дополнителен круг купувачи. Бонусот од 10.000 евра стапи во сила на 1-ви април годинава, за сите автомобил со дизел мотор произведени пред 2001 година.

Распишување инвестициски тендер за проект за електричен автомобил од 8.000 евра

Ројал исто така побара намалување на цената на електричните возила. „Од тие причини ќе распишам инвестициски тендер за проекти на француските или европските производители, за развој на популарен електричен автомобил за купувачите, чијашто цена би изнесувала меѓу 5.000 и 8.000 евра.“

Министерката потсети и на планот за укинување на тековните даночни повластувања во висина од 15 евроценти за дизел гориво, заради изедначување на цените на дизел и бензинските горива. Планот сепак не може да се реализира прекуноќ, за да не се пенализираат возачите на дизел автомобили. „Сметам дека вистинското решение би било даночните повластувања да се намалуваат постепено во следните пет години, со по 1,5 процент намалување на цената на бензините и исто толкаво зголемување на цената на дизелите секоја година,“ објаснува Ројал. „На тој начин ќе ги запознаеме граѓаните со претстојните промени, за тие да можат да се подготват за истите. Доколку цената на горивата остане на ниско ниво, тоа ќе биде практично безболно.“ Француската министерка за екологија сепак би била најсреќна кога за пет години, секој втор автомобил ќе биде со електричен погон: „Тоа ќе биде вистинската промена.“

Претходна објаваСпецијален Ferrari F12tdf во чест на Тур д’Франс
Следна објаваОтсега можете да си испечатите Ford со 3D-печатар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here