Ford е прв производител што нуди можност од неговата онлајн продавница да се симнат податоци за печатење автомобил во 3D-техника. Автомобилот ќе биде помал од оригиналот, но затоа е од „сопствено производство“.
Еве уште една причина зошто е корисно на списокот на божикни желби да се додаде 3D-печатар. Оваа популарна технологија отсега може да се користи за домашно печатење на модели од Ford во намален размер, вклучувајќи ги Ford GT, Mustang и Focus RS. Технологијата на печатење во 3D се користеше при изработката на прототипите на сите три модели.
Ford користи печатење во три димензии заради скусување на развојот, преку изработка на делови за прототипи што им овозможуваат на инженерите брзо да ги тестираат новите конструкции. За изработка на овие делови со класична метода би биле потребни специјални алати и многу време. Печатењето во 3D трае само неколку часови и чини одвај 1.000 евра, со што им се отвора многу поголема слобода на техничарите и на дизајнерите за испробување нови и необични конструкции, како и усовршување на постоечките. Напредното печатење се користеше на пример во суперспортскиот Ford GT, при конструирањето на воланот во стил на формула 1, како и за структурните компоненти за вратите што се отвораат нагоре.
Корисниците што поседуваат 3D-печатар можат да го посетат Ford 3D Store, како прва онлајн продавница на автомобилски производител од која што можат да се добијат податоци за печатење на возила во 3D. Во продавницата „се наоѓаат“ Ford GT и уште 1.000 други модели, вклучувајќи ги Focus ST, Fiesta ST и американскиот суперпикап F-150 Raptor.
Ford ја купи третата 3D-машина воопшто проиведена во светот уште во 1988 година и оттогаш произведе половина милион делови изработени со оваа техника, конкретно, заштитната облога за новиот Ford Mustang. Принтерите оттогаш станаа побрзи, поевтини за изработка на делови и исклучително прецизни. Прототипи се изработуваат за секакви делови, почнувајќи од делови за мотор, преку тркала, до деликатни детали.
Вшмукувачката гранка на Ford GT е развиена преку прототипи изработени со 3D-печатење
Тркачкиот Ford GT кој в година ќе се натпреварува на Леман, поседува вшмукувачка гранка што е развиена и усовршувана со користење на 3D-печатење. Високата прецизност ја овозможи изработката и на сложените детали во маската на специјалната потсерија Mondeo Vignale. Овие модели со повисока спецификација наспроти стандардниот Mondeo поседуваат горна маска што е врамена во алуминиум и финиширана е во темен металик слој, додека долната маска е со висок сјај. Амблемите Vignale исто така се развиени со 3D-печатење, заедно со двојните издувни цевки со хромиран финиш или ексклузивнитет алу-бандажи од 19 инчи со слој од никел.
Ford соработува со американската фирма Carbon3D во развој на идни смоли за работа во 3D-печат, кои ќе издржуваат оптоварување, висока температура и силни вибрации, на кои компонентите обично се изложени при тестирањето на прототипите од идните модели.
Новите смоли ќе ги издржуваат реалните оптоварувања на тест-прототипите од идните модели
Со технологијата на континуирано производство со течен интерфејс (Clip), вообичаена во филмската индустрија за изведување специјални ефекти, Ford планира во иднина да користи делови изработени од смоли што стврднуваат под ултравиолетова светлина. Оваа постапка е 25 до 100 пати побрза од конвенционалното 3D-печатење. Помали делови во ентериерот на Ford Focus Electric и Transit Connect веќе се развивани со прототипи изработени со Clip3D.
Технологијата на 3D-печатење е позната веќе 25 години и во моментов се развива побрзо од кога било досега, овозможувајќи им на техничарите и дизајнерите нов пристап во конструирањето и дизајнирањето на возилата.
















