за ,

Од сонце директно во батеријата на Nissan Leaf и во домот

Nissan Leaf сончева енергија

Напливот од евтини и стари дизели во регионов, коишто нашиот пазар и понатаму ги прифаќа со одушевување, додека животната средина веќе одамна е префрлена на помошна програма, претставува одличен знак дека нешто драстично се случува во средиштето на автомобилската сцена.

Насловите во коишто се спомнуваат сервисни повици за преправки во издувот, забрани за сообраќај за стари дизели, па дури и квази-револуционерни иновации, не укажуваат на друго, освен на раскинувањето на спрегата меѓу политиката и валканата автоиндустрија. По избивањето на дизел-аферата на Volkswagen, којашто сигурно не беше обелоденета случајно или без знаење на глобално влијателни инстанци, некогаш совршено чистите мотори со внатрешно согорување повеќе ништо не ги „пере“.

Електричниот погон им блиндира на брзите дизели во лентата за престигнување и ги упатува да се престројат во помошната лента

Како во меѓувреме почнува да функционира нашиот автомобилски свет, по хард-ресетирањето? Во системот Nissan Energy Solar не се работи само за автомобили со погон на струја. Тоа е комплетно нов начин на управување со потребата од енергија, со когошто може да постигне и целосна одржливост – не само за автомобилот, туку и во домот.

Nissan Energy Solar 6

Станува збор за сончеви колектори, коишто се поставуваат на покривите на објектите и оттаму испорачуваат енергија до стационарните акумулаторски системи. Овие, пак, составени се од батерии од стари електрични возила, коишто поради смалениот капацитет повеќе не може да се користат во возилата, но затоа се одлични за стационарна примена. Третата компонента во спрегата е батеријата на електричниот автомобил што е паркиран пред домашниот праг. По потреба, овие батерии исто така можат да испорачуваат енергија за домот.

Nissan Leaf и Nissan Energy Solar може да ја намалат сметката за струја за две третини

Комбинирањето на сончевата колектори со батеријата на електричното возило и со стационарниот акумулатор во домот, според Nissan може да ја смали сметката за струја до 66 проценти. Пресметката се однесува за британскиот пазар, за домаќинство со годишна потрошувачка од 4.500 киловатчасови енергија, со соларен систем од 4kWp и стационарен акумулатор од 6 киловатчасови. Корисникот сам решава околу производството, акумулирањето и трошењето на електричната енергија во системот колектори-акумулатор-возило.

Nissan Energy Solar 2

Акумулираната енергија во станиците што Nissan ги нуди под името xStorage, може да се користи за снабдување на потрошувачите во домот со електрична енергија во текот на ноќта или во денот, но и за полнење на батеријата на електричното возило.

Nissan Energy Solar 4

Како што бројот на електрични автомобили ќе продолжи да расте прогресивно, така ќе се зголемуваат интересот и примената на сончевите колектори. Во Велика Британија, на пример, повеќе од 800.000 домаќинства имаат инсталирано сончеви колектори. Тоа се повеќе милиони корисници коишто своите енергетски потреби ги покриваат на одржлив начин и „бесплатно“.

Со децении инвестиравме и во дизели што реално се исплатуваат по стотици илјади километри, зошто инвестирањето во колектори и акумулатори во било помалку разумно?

Околу последново, секако дека колекторите, стационарните акумулатори и интелигентното вмрежување претставуваат дополнителна инвестиција. Електричниот автомобил, исто така. Прашање е дали електричните автомобили и натаму мора да се поскапи од конвенционалните, покрај субвенции коишто во некои држави достигнуваат и до десетина илјади евра.

Nissan Energy Solar 1

Цената за комплет од шест соларни панели, стационарен акумулатор xStorage и систем за енергетски менаџмент во продажната мрежа на Nissan во Велика Британија почнува од 7.635 фунти, односно околу 8.700 евра. Капацитетот на xStorage изнесува 4,2 или 6 киловатчасови, во верзии со моќност од 3,6 kW, 4,6 kW или 6 kW. Димензиите се 1.230 х 890 х 220 милиметри, а тежината е 135 килограми.

Австралиска убавица ја спасува планетата според филмот на Nissan

Во Јапонија возат над 100.000 електрични автомобили Nissan Leaf

Nissan стартува со продажба на акумулаторски системи за домовите

Хронологија на 70-те електрични години на Nissan

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes-AMG GT S Roadster

Кој тоа вели дека Mercedes е лимузинска марка?

Хамбург забрана за дизел

Хамбург прв германски град со забрана за дизел