Том Кристенсен истрча маратон за хуманитарни цели

Деветкратниот победник на Ле Ман, Том Кристенсен, го заврши својот прв маратон кој беше дел од хуманитарната кампања што промовира здрав начин на живот со цел спречување на ракот.

На натпреварот за „Ironman“ во Копенхаген, возачот на фабричкиот тим на Audi како член на добротворна организација ја истрча патеката и ја помина целната линија за време од 3:31,03 часови. „Ова беше тешко, но големо искуство” изјави Кристенсен. „Првите 21 километри беа исклучително добри, тогаш дури и успеав да разговарам со принцот Фредерик од Данска додека трчавме рамо до рамо. Веќе подолго време сакав да учествувам на овој маратон”. Тимскиот колега на Кристенсен, петтобоецот Брајан Дасберг, исплива 3.8 километри, а тробоецот Алан Олсен, помина 180 километри со велосипед.

Претходна објаваШтрајк во сите фабрики за автомобили во Јужна Африка
Следна објаваDacia Duster стана Nissan Terrano за индискиот пазар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here