за

Dacia Duster стана Nissan Terrano за индискиот пазар

Nissan ја прошири својата моделска понуда на индискиот потконтинент. Новитет во понудата е компактниот теренец Nissan Terrano, кого тука го познаваме добро како Dacia Duster.

Вкупно четири модели што се произведуваат во локалните фабрики на Nissan ќе ја збогатат понудата на јапонската марка на индискиот пазар. Соодветно на условите на пазарот, Terrano ќе ја презеде улогата на спортски теренец од престижна класа. Моделот со име што се врзува со богата традиција на специјалистот за погон на сите тркала ќе се произведува во фабриката во Орагарам, заедно со моделите Micra, Sunny и Evalia.

nissan terrano 2

За да се оправда високото реноме на Nissan меѓу индиските возачи, Duster доби комплетно нов нос и заден дел при трансформацијата во модел на јапонската марка, во препознатливиот стил на Nissan. Под хаубата ќе работат 1,5-литарски дизел со 110 КС и 1,6-литарски бензинец со 104 КС. Повеќе производители се впуштаат во конкурентска битка за освојување на растечкиот слој на добро ситуирани купувачи во Индија. Ford веќе подолго време е присутен на пазарот со моделот Ford EcoSport.

nissan terrano 3

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Том Кристенсен истрча маратон за хуманитарни цели

Golf станува неподнослив – за конкурентите