Тесла остана без директорката за финансии, си замина по 11 години служба

Срила Венкатаратнам е четвртиот менаџер што си заминува од компанијата во последните пет месеци, во време кога на Тесла ѝ претстојат големи предизвици до завршетокот на годината.

Потпретседателката на Тесла за финансии и бизнис операции ја напушти компанијата, и тоа е уште едно во бранот заминувања на менаџери од производителот на електрични возила.

Срила Венкатаратнам, која работеше за Тесла во изминатите 11 години, во објава на својот профил на Линкд Ин кажа дека си заминува за да „посвети корисно време на семејството, повторно да се поврзе со пријателите и да се посвети на личното здравје.“

Одговарајќи на коментар на објавата, Венкатаратнам призна дека работењето во Тесла „дефинитивно не е за луѓе со слабо срце.“

Венкатаратнам е четвртиот менаџер што си замина во последните пет месеци.

Мартин Виека, потпретседател за односи со инвестирорите, Дру Баљино, виш потпретседател за погонска спрега и енергија, и Роан Пател, потпретседател за јавна политика и развој на бизнис, сите си заминаа во април.

Во истиот месец, извршниот директор Илон Маск ги отпушти Ребека Тинучи, директорка за полнење електрични возила и Даниел Хо, директор за програми за возила и воведување нови модели.

„Фактот што Венкаратнам остана 11 години веројатно е поголемо изнанадување од фактот што таа си заминува,“ вели Сем Абуелсамид, главен аналитичар за електромобилност во Гајдхаус Инсајтс.

Заминувањето на Венкаратнам нема материјално да влијае врз бизнисот, но тоа е проблем за имиџот, цени Џеф Озборн, аналитичар за технологија за мобилност во ТД Коуен.

Тесла во следните месеци треба да се соочи со повеќе предизвици. На 10-ти октомври треба да биде претставено роботаксито, иако е сосем неизвесно како системот што се темели само врз камери ќе се справува со сложените услови на примена, како што е автономно возење. Инвеститорите и аналитичарите очекуваат да слушнат вести и за освежувањето на Модел Ипсилон. Според Озборн, постојат гласини дека технологијата за автономно возење на Тесла веројатно нема да работи на постарите платформи.

Дополнителен проблем е тоа што Маск сé почесто се гледа во претседателската кампања на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп. Тоа е пат што во поглед на очите на јавноста е како минско поле. Трамп во почетокот на август имаше интервју во траење од два часа со Маск и спомна дека е подготвен Маск да го назначи како советник во кабинетот.

Тоа може многу да влијае врз вредноста на акциите на Тесла.

„Како тоа ѝ помага на марката?“ кажа Озборн. „Не сум сигурен дека сме стигнати до тоа, возењето Тесла да се поистовети со носење Мага капа, но тоа е ризикот.“

Видеото од тестот на елеткрично Волво Е Икс 30 во Аутомедиа

Претходна објаваЕлектричните автомобили во просек поскапи за 21% од бензинците
Следна објаваОпел назначи нови шефови за развојот на модели и за продажбата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here