Стартува најголемото рели со електрични автомобили во светот

Wave Trophy

Во следните осум денови, низ питорескните предели во Швајцарија се вози седмото издание на „Вејв Трофи“, најголемо рели со електрични автомобили во светот. Тука нема победници, целта е да се докаже дека електричниот погон е целосно применлив во секојдневието.

Сопственици на автомобили, мотоцикли и велосипеди со електричен погон, до 17-ти јуни ќе возат по етапата на седмото „Вејв Трофи“, најголемото рели посветено на погонот на струја. Вкупно 110 тимови од десет држави ќе извозат 1.600 километри низ најубавите предели во Швајцарија. За полнење на батериите се користи исклучиво енергија од стопроцентно обновливи извори, односно од енергијата на сонцето, ветрот, водата и од биомасата.

Wave Trophy

Изјавата на Норвежанецот Роберт Кристенсен најдобро говори за ентузијазмот на учесниците: „Вејв е можност да се посетат места што никогаш не би ги посетиле и да се запознат луѓе што никогаш не би ги запознале“. Кристенсен веќе четврта година учествува на релито.

Рели со електрични автомобили: Дружење, авантура и забава за сите љубители на електромобилноста

Вејв 2017“ стартуваше во петокот во Цирих и ја следи рутата на „Големата тура низ Швајцарија“. Целта е повторно Цирих, во сабота на 17-ти јуни. Неколку звучни локации се посетуваат по патот на релито: Шафхаузен, Сент Гален, Сент Мориц, Цермат, Сион, Г’штат, Луцерн, Цуг.

Wave Trophy

Возилата во категорија со поголем досег на релито ќе извозат 1.600 километри, додека оние со помал досег околу 1.300 киломтри. Тоа значи дека дневно ќе се возат меѓу 110 и 220 километри, со можност за дополнување на батериите на секои 60 километри. На тој начин се овозможува на „Вејв“ да учествуваат и возила со помал досег, на пример, електрични велосипеди.

Место по автопат, се вози по споредни и затскриени планински патишта, низ четирите говорни региони на Швајцарија, преку 5 алпски превои, низ 12 знаменитости што се под заштита на Унеско и покрај 22 езера.

WAVE е кратенка од „World Advanced Vehicle Expedition“ односно „светска експедиција со возила со напреден погон“

Идејата за големото рели потекна од Луис Палмер, директор на „Вејв“, кој во 2007 година беше прв човек што го обиколил светот со соларен автомобил. Програмата за заштита на животната средина на ОН го прогласи Палмер за „Шампион на земјата“.

Wave Trophy

На релито учествуваат приватни возачи, како и претставници од унивезитети и препријатија. Во секој град на рутата на релито се организира пречек на релистите од страна на градоначалниците, настанот е проследен со масовно присуство на медиумите, а вечерите се резервирани за излагања на експерти и познати личности. Крис Пејн, режисер на „Кој го уби електричниот автомобил“, гостуваше на релито, исто како и прочуениот научник Ларс Томсен.

https://www.facebook.com/wavetrophy/posts/1457822540942767

Ентузијастите што не сакаат да ја пропуштат авантурата, но не поседуваат е-возило, можат да изнајмат такво од организаторите на релито. Тоа значи дека за учество е сосема доволно да се поседува паметен телефон или таблет.

На релито со електрични автомобили се возат пет “брзинци“ по што следува испит за познавањето на регионот

Секојдневно се одржуваат различни натпревари, од типот на умешно возење слалом или во рикверц, или натпревар кој ќе фотографира најмногу луѓе околу својот автомобил. Се возат вкупно пет рели-етапи, по одредена рута, а потоа се одговара на прашања поврзани со регионот во когошто се вози. Победници се прогласуваат практично секоја вечер, конечната победа му припаѓа на тимот што ќе овои најмногу бодови.

https://www.facebook.com/strom.ente/videos/1369437576466218/

Огранизацијата ги следи е-релистите со 10 возила, секако и тие со погон на струја. Тие возат први, ги проверуваат можностите за полнење струја и ги поставуваат каблите. Годинава меѓу учесниците има и неколку вредни олдтајмери што се префрлени на погон на струја. Еден од нив е Citroen 2CV, на тимот Вангарт од Германија, а уште понеобичен е камионот Framo v901/2, кој не само што е преправен во камп-возило, туку и се движи на струја. Новата Opel Ampera-e исто така не го пропушта релито, како и голем број необични возила.

Вејв Трофи“ штотуку започна, во следните осум денови сигурно ќе има пријатни изненадувања.

Wave Trophy

Wave Trophy

Wave Trophy

Претходна објаваНевремето во Кејптаун ги стави автомобилите во пенлива бања
Следна објаваСо овој Aston Martin е подобро да се оди пеш

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here