Невремето во Кејптаун ги стави автомобилите во пенлива бања

Кејптаун невреме автомобили

Силни ветришта буквално оддувуваа автомобили и нанесоа огромни штети на објектите во невремето што го зафати Кејптаун. Голем број автомобили се најдоа преплавени со пена којашто ја создаваше невремето.

Оваа пена не је отстранува нечистотијата. Голем број автомобили во Кејптаун се најдоа како жртви на непланирано туширање. Пената е резултат од силното невреме коешто го зафати јужноафриканскиот град.

Силниот ветар и брановите високи до 12 метри создаваа пена на крајбрежјето и ги преплавија паркираните автомобили. Невремето предизвика големи штети, а градските власти потврдија дека има и човечки жртви. Кејптаун ги алармираше жителите да ги преместат автомобилите на повисока локација, кадешто тие барем ќе бидат поштедени од необичната пенеста купка. Последното невреме со толку силен интензитет се има случено пред триесет години.

 

 

Претходна објаваJaguar I-Pace е за еден Golf поевтин од Tesla Model X
Следна објаваСтартува најголемото рели со електрични автомобили во светот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here