Руско комбе доаѓа со фабрички вграден тетрис

тетрис руско комбе

Автомобилите наскоро ќе почнат да возат сами и да комуницираат меѓусебно, но во развојот дотаму, едно нешто не смееше да се пропушти. Рускиот GAZ ги коригира работите и во своето комбе Gazelle вградува табла со инструменти со сокриена функција: Тетрис.

Производителите се тркаат да понудат спектакуларни и иновативни функции во автомобилите, обидувајќи се да го привлечат интересот на новата генерација возачи, кои не се толку фасцинирани од автомобилизмот колку генерациите пред нив. Голем дисплеј во средина на кокпитот не смее да отсуствува, а уште помалку смее да се изостави беспрекорно поврзување на автомобилот со паметниот телефон и со мрежата. Тоа е само првиот чекор до целосното преземање на автомобилот од моќите на вештачката интелигенција, кој води до автопилотирање и автокомуницирање.

Тетрис како сокриена функција во дисплејот на Gazelle Next

Рускиот производител GAZ мудро спринтува сто чекори назад и се навраќа на една игра што своевремено го освои светот. Со погодување на точната комбинација при ракувањето со копчињата, во таблата со инструменти на Gazelle Next се појавува тетрис. Копчињата во инструментите потоа служат како контроли за играта што се прикажува на зелено-белиот дисплеј. Сокриената функција, којашто производителот GAZ не ја соопштува официјално, достапна е додека возилото мирува.

Некогаш не се потребни огромни чекори да се постигне напредок. Доволно е да се искористат можностите на постоечката технологија.

Претходна објаваЕлектричните автобуси на Volvo со досег продолжен на 200 km
Следна објаваЕлектричниот автомобил на Volvo најавен за 2019 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here