
Италијанската влада преговара со кинескиот производител на автомобили Чери, во обидите да се привлече уште еден голем производител во земјата, покрај концернот Стелантис.
Рим има намера да ја зголеми продукцијата на автомобили во Италија на 1,3 милион возила годишно, од 800.000 возила колку што беа произведени лани. Владата веќе има отпочанто преговори со Стелантис, којшто е единствениот голем производител на автомобили во земјата, за продукцијата на концернот да се зголеми на 1 милион воизла годишно, до завршетокот на деселетието. Италија последен пат има произведено еден милион возила во 2017 година.
Министерот за индустрија Адолфо Урсо кажа дека Италија бара втор производител, што ќе додаде околу 300.000 возила во вкупната продукција на автомобили во земјата.
Кинеските производители, меѓу кои Чери и неговите ривали БИД и МГ, целат кон Европа со своите електрични возила, што обично имаат подолг досег и понапреден софтвер од возилата од старите производители на возила од Европа.
Кинеските компании бараат можности за локално да произведуваат, во време кога ЕУ се подготвува да воведе повисоки увозни царини за автомобиите од Кина.
БИД цели да достигне 5 проценти удел на пазарот на електрични автомобили во Европа и гради фабрика во Унгарија. Тие се надеваат дека производството ќе отпочне уште пред 2026, изјави европскиот шеф на БИД, Михаел Шу.
Стелантис има намера да произведува до 150.000 евтини електрични автомобили во Италија, од својот кинески партнер Липмотор. Возилата треба да се произведуваат во фабриката Мирафиори на Фиат, во Торино.
Италија им дава предимство на Чери
Урсо во минатиот месец кажа дека Италија е во преговори со Тесла и со три неименувани производители од Кина, чијшто претставници лани ја посетиле земјата, за да направат процена околу можностите за вложување. Еден од изворите што се упатени во преговорите кажуваат дека Чери е опцијата на којашто Рим во моментов „става најголем облог“.
Од министерството за индустрија не излегуваат со коментар.
Чери ги лансира своите марки Омода и Џејку на сите поголеми пазари во Европа. До заршетокот на 2025, производителот планира три СУВ-модели од секоја марка, со различни видови погон, зависно од тоа какви се барањата на одделните европски пазари. Годинава почнува продажбата на кросоверот Омода 5 во Европа, а намерата е в година да почне да се продава и СУВ-моделот Џејку 7.
Премиерката Џорџа Мелони, во обраќање за 8-ми март
La festa della donna non è solo un giorno di celebrazione, ma un’occasione per riflettere sulle conquiste raggiunte e sugli obiettivi ancora da perseguire.
Grazie al supporto di politiche concrete messe in atto dal nostro Governo, abbiamo promosso l’occupazione femminile, i cui… pic.twitter.com/yc9zgQwwAB
— Giorgia Meloni (@GiorgiaMeloni) March 8, 2024
Директорот на Чери за Европа, Јохен Тиинг, изјави за Ројтерс дека кинескиот производител очекува дека продажбата во Европа ќе биде доволно голема, за да се оправда изградба на локална фабрика. „Разгледуваме разни можности ширум Европа, за да најдеме потенцијален сетап за локално производство за в иднина,“ изјави Титинг.
„Во моментов водиме преговори на неколку локации ширум Европа,“ додава менаџерот, меѓутоа не може да именува конкретни локации затоа што конечен договор уште не е постигнат.
Опција е и Шпанија
Извори од индустријата кажуваат дека Чери размислува да реновира постоечка фабрика или да изгради нова во Италија, но се разгледуваат и други можности во Европа, вклучувајќи ја и поранешната фабрика на Нисан во Барцелона.
Извори од владата кажуваат дека Грејт Вол Мотор е меѓу кинеските производители што се во контакт со Рим и ја има посетено Италија.















