за

Пежо и Опел ја почнаа годината со силен раст, Форд паѓа

Пежо, Тесла и БМВ имаа голем раст во продажбата во јануари, додека Форд, Рено и Фолксваген имаа побавен почеток на годината.

Опел Астра е меѓу големите победници во јануари, со раст од 200 проценти во продажбата

Педесет и два производители на автомобили биле во позитивната зона со продажбата, во време кога европскиот пазар на автомобили порасна за 11%. Наспроти тоа, 24 марки забележија пад во продажбата.

Пежо, Опел, Тесла и БМВ имаа силно зголемување во продажбатга во јануари, додека марката Фолксваген, Форд и Рено имаа послаби резултати во споредба со првиот месец лани.

Со раст од 33 проценти во продажбата и со вкупно 60.595 возила, БМВ се најде на третото место на најпродавани марки во јануари во Европа. Во истиот месец лани, Баварците беа на 9-то место. Германскиот производител доби силен поттик од продажбата на серија 1, којашто напредуваше за 50 проценти, на 8.673 возила.

Продажбата на Опел исто така порасна значително, со раст од 36 проценти и продадени 39.095 возила. Најголема заслуга за тоа има Астра. Компакт моделот на Опел ја зголеми продажбата во јануари за близу 200 проценти, на 6.934 возила.

Податоците ги објави ценетата аналитичарска куќа Датафорс, и истите се однесуваат на 99 проценти од вкупниот пазар во ЕУ, ЕФТА и ОК. Единствено недостигаат податоци за Хрватска и Словенија.

Пежо ја зголеми продажбата за 22 проценти, со 56.798 возила во јануари, главно благодарение на зголемената побарувачка за моделот 208. Неговата продажба порасна за 21 проценти, на 16.277 возила.

Тесла ја започна 2024 година со удвојување на продажбата од лани и продадени 19.499 возила, со близу 400-процентен раст кај Тесла Модел 3. Од електричната лимузина од средната класа во јануари се продадоа 7.348 возила.

Од големите марки, јануари не им донесе раст на Форд, Фолксваген и Рено.

Германската марка имаше мал пад од 5,2 проценти, на 95.569 возила. Фолксваген и покрај тоа го задржа водството како најпродавана марка во Европа. Најблизок соперник е Тојота, со продадени 77.992 возила во јануари.

Форд имаше пад од 8,1 проценти, со продадени 37.317 возила, додека Рено има минус од 11 проценти и продадени 41.500 возила, според Датафорс.

Бројни победници

Во јануари, 41 марка ја зголемиле продажбата во Европа со поголем процент отколку што вкупно има напредувано целиот европски пазар. Наспроти тоа, 51 марка го завршиле првиот месец од годината без зголемена продажба.

Кај 24 марки е забележан и пад во пазарниот удел.

Дванаесет марки, вклучувајќи ги Фискер, Инеос и Мицубиши, како и кинеските Омода, Нио и БИД, забележиле најмалклу трицифрен раст.

Меѓу останатите марки со силен раст во продажбата во јануари се Ламборгини (+79 проценти), Лексус (+34 проценти) и Ситроен (+20 проценти).

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Италија преговара со Кина за фабрика за автомобили од марката Чери

Мерцедес пак прв во светот: Рентгенска снимка на краш-тест