Данска: Поголем брзински лимит за поголема безбедност?

Студија спроведена во Данска во последните две години открива дека зголемувањето на дозволената брзина придонесува за намалување на бројот на незгоди и повреди.

Данската агенција за патишта спроведе студија во времетраење од две години, која што се состоеше во следење на однесувањето на возачите и на бројот на незгоди, откако беа зголемени дозволените брзини на магистралните патишта и автопатиштата.

Како клучно сознание произлегува податокот дека бројот на незгоди на магистралните и локалните патишта се намалил откако брзинското ограничување било поместено од 80 на 90 километри на час. Аналитичарите вака го објаснуваат феноменот: Со поместувањето на дозволената брзина се смалила разликата меѓу најбавните и најбрзите возачи на патот, а со тоа и бројот на престигнувања.

Темелната анализа открила дека се зголемила брзината на најбавните возачи, додека најбрзите 15 проценти од возачите ја смалиле брзината за околу 1,5 километар на час во просек. На делниците од автопатиштата каде што ограничувањето било поместено од 110 на 130 километри на час пред девет години исто така се намалил бројот на жртви.

Претходна објаваНовата Giulia ќе ја враќа славата на Alfa Romeo
Следна објаваСпоредба на Auto Bild: Mercedes C против Audi A4 и BMW 3

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here