за

Yuasa е нова премиум марка акумулатори на македонскиот пазар

Најстарата јапонска марка акумулатори Yuasa е шампион во покривањето на пазарот и се вградува секаде, од подморници до вселенски станици. Акумулаторите Yuasa се посебно актуелни кај автомобилите со старт-стоп и со благ хибриден погон, но и општо кај моделите од премиум марките.

Возачите обично дознаваат дека во нивните автомобили работи акумулатор Yuasa кога по долги години беспрекорна работа ќе дојде време за замена. Станува збор за марка јапонски акумулатори со квалитет за прво вградување во дваесетина автомобилски марки. Овој квалитет отсега и македонските возачки и возачи можат да го задржат во понатамошната експлоатација на автомобилот, откако акумулаторите Yuasa станаа достапни и на нашиот пазар.

Јапонската марка акумулатори од висока класа Yuasa стартува со продажба на македонскиот пазар во време кога голем број автомобили, поради често мирување и покуси релации во услови на пандемијата, покажуваат дека им е потребен нов акумулатор. Yuasa е своевидна гаранција дека овие проблеми со акумулаторот ќе се избегнат или барем ќе се одложат на многу подолго време. Според максималниот број на стартови и параметрите за моќноста, Yuasa е меѓу марките што го предводат пазарот.

Историјата на Yuasa почнува во 1918 година, за кусо по основањето да почне производството на првите автомобилски акумулатори во Јапонија. Производителот брзо го освојува светскиот пазар затоа што неговите акумулатори се препознаваат по долготрајноста и по високата моќност. Со широката понуда, Yuasa моментно покрива најголем број модели на автомобили на европскиот пазар.

Европскиот огранок GS Yuasa Battery Europe триесет години обезбедува пазарно лидерство на континентот, со продажни и дистрибутивни центри во Велика Британија, Италија, Шпанија, Франција и Германија ги покрива европските пазари. Во светски рамки, GS Yuasa Group е водечка во поглед на квалитетот и инопвациите, со вкупно 65 филијали и 33 посестрински компании. Од 1981 година, компанијата почнува со производство во Ен Вејл, во Велика Британија. Оттогаш во фабриката се произведени 85 милиони акумулатори за европскиот пазар.

Акумулатори Yuasa работат во подморницата Shinkai што нурка до 6.500 метри длабочина, работат и во Boeing 787 Dreamliner и во Меѓународната вселенска станица ИСС. Литиум-јон батерии Yuasa се вградуваат во новите хибридни модели на традиционалниот партнер Toyota.

Производителот посебно го издвојува фактот што неговите акумулатори ги исполнуваат највисоките стандарди за прво вградување во голем број автомобилски, мото и камионски марки, во земјоделски и градежни машини, како и во бројни видови возила за рекреација и спорт. Меѓу автомобилските марки што го потврдуваат квалитетот на акумулаторите Yuasa и стандардно ги вградуваат во своите возила се BMW, Daihatsu, Daimler, General Motors, Honda, Infiniti, Isuzu, Land Rover, Lexus, Mazda, Mercedes-Benz, Mitsubishi, Nissan, PSA Peugeot Citroën, Subaru, Suzuki, TATA и Toyota.

Тековната генерација автомобилски акумулатори Yuasa YBZ се состои од 5 моделски серии, кои мошне прегледно и „јапонски прецизно“ се означени како 9000, 7000, 5000, 3000 и 1000. Највисоката бројка важи за серијата акумулатори за највисоки барања, односно тие се наменети за автомобили што покрај старт-стоп систем, дополнително користат и рекуперација при сопирање – кинетичката енергија се претвора во електрична и истата се насочува во акумулаторот – како и стартер-генератор во замена за класичната комбинација од посебен анласер и посебен алтернатор. Кусо, Yuasa YBA 9000 е наменет за големи и моќни автомобили, што користат благ хибриден погон (mild hybrid).

https://www.instagram.com/p/CMAjSlbLtmm/

Овие топ-акумулатори со технологија AGM се одликуваат со максимален број од 360.000 стартови, достапни во шест варијанти со капацитет од 50 до 105 амперчасови и со способност за ладен старт (CCA) меѓу 520 и 950 ампери. Под CCA (Cold Cranking Ampere) се подразбира максималната струја што ја оддава полн акумулатор при температура од -18 степени Целзиусови, односно тоа е моќта за акумулаторот да го стартува моторот при отежнати услови – тоа жаргонски се води како „ударна моќ“.

Уште една врвна серија акумулатори е Yuasa YBX 7000, каде што се користи технологија EFB (Enhanced Flooded Battery). Овие акумулатори се наменети за сите модели со старт-стоп систем и располагаат со унапредена технологија со течен електролит, со цел да се обезбеди доволна моќност и во услови на поголема испразнетост на акумулаторот, при возење во услови на густ градски сообраќај, со често активирање на системот старт-стоп. YBX 7000 издржува максимално 270.000 стартувања и посебно е наменета за возила што често се возат на кратки релации во град, на пример такси или достава. Серијата опфаќа 15 акумулатори, со капацитет меѓу 40 и 100 Ah, со „ударна моќ“ меѓу 197 и 353 ампери.

Понудата од акумулатори што се наменети за модели со стандардно палење ја предводи серијата Yuasa YBX 5000. Предностите се во конструкцијата и примената на водечка технологија, со коишто се спречуваат причините за откажување на акумулаторот, за на тој начин да се постигне долготрајност, исклучително висока моќност и сигурност во работата – меѓу другото се користи максимален број плочи, за врвна стартна моќ. YBX 5000 издржува до 50.000 стартувања и совршен е за студена клима. Серијата се состои од 21 модел на акумулатор, со капацитет меѓу 40 и 110 Ah, со ударна моќ меѓу 360 и 950 ампери.

Најдолга гаранција за премиум акумулатори во Македомија, во период од 40 месеци за серијата Yuasa YBX 9000, односно 36 месеци за серијата YBX 5000

Следна е серијата YBX 3000, со максимално 30.000 стартувања, наменета за возила што имаат потреба од висока моќност при старт, исто така се зголемен број плочи во споредба со обичните акумулатори. Тоа се огледува и во ударната моќ во оваа серија, од 300 до 850 ампери. Серијата од 37 варијанти покрива капацитет од 30 до 95 амперчасови.

За автомобили што немаат потреба од екстра моќност за стартување, наменета е основната серија YBX 1000, со 20.000 стартувања и со 11 варијанти во понудата, со капацитет од 35 до 90 Ah и со ударна моќ меѓу 360 и 800 ампери.

Увозник за акумулаторите Yuasa во Македонија е штипската компанија Ивал Трејд, со близу 30-годишна традиција во бизнисот со акумулатори и позната по акумулаторите Topla.

https://www.instagram.com/p/CMVgwqkLnSM/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW Alpina B8: Сé е исто како M8, освен што е различно

Mercedes со нови фотографии од внатрешноста на електричниот EQS