за

Wiesmann најавува враќање на сцената со нов модел

wiesmann najava vrakanje

Марката со гуштер како заштитен знак најавува враќање на автомобилската сцена со комплетно нов модел в година. Газдите на Wiesmann се нови, остануваат моторите на BMW и намерата да се понуди уникатен спортски автомобил со германски печат за квалитет

Wiesmann е една од оние марки што се малечки според продукцијата на автомобили, но имаат големо име на сцената. Автомобилите на браќата Фридхелм и Мартин Висман уживаа висок респект, следејќи го принципот на родстерите и купеата од традиционалните „гаражни“ марки од Британија, но со една суштинска разлика – автомобилите на Wiesmann се изработуваа со германски квалитет. И уште една, пресудна разлика – шансата да се разминат два автомобила на Wiesmann е помала од можноста дека Rolls-Royce некогаш ќе изработи градски автомобил.

wiesmann salon

За Wiesmann слушнавме последен пат во февруари 2016, кога инвеститорска компанија од Лондон го комплетираше откупот на објектот на компанијата во форма на гуштер, на правата за името и на производствените погони, во вкупна вредност од 5,7 милиони евра. По повеќе од двегодишна пауза, следат нови моменти за фирмата од германското гратче Дилмен.

Гекото е заштитен знак за Wiesmann, затоа што овој вид гуштери е познат по способноста да се држи на секаква подлога – тоа го симболизира врвното „држење“ на автомобилите од Дилмен

wiesmann geko zastiten znak

На 1-ви септември, два препознатливи автомобили со гуштер на хаубата ќе бидат изложени на Салон Приве, ценет автомобилски собир во Бленхајм, Велика Британија. Купето GT MF5 и родстерот MF4 ќе го најават новиот модел чијашто премиера ќе следи в година, веројатно уште напролет, на салонот во Женева.

wiesmann upravna zgrada

Конкретни податоци нема, но барем се знае што може да се очекува. Последен модел е родстерот MF4, премиерно претставен во Женева пред девет години. На местото на 4,8-литарскиот V8 од BMW, со моќност од 367 КС, во 2010 година дојде новиот битурбо V8 од тогашниот BMW 750i. Отворениот двосед долг 4,24 метри и тежок 1.316 килограми, спринтуваше до темпо сто за 4,6 секунди и постигнуваше крајна брзина од 291 km/h. Моделот во 2010 година чинеше 130.000 евра во Германија.

До 2013 година се произведоа само 1.600 автомобили под марката Wiesmann. Наскоро, бројката ќе расте повторно.

И, секако: Џереми Кларксон за Wiesmann (кои не гледаат причина за негодување кога ги водат како Wisemann. Или Weismann)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

трамп против штедливите автомобили

Трамп цени дека штедливите автомобили се штетни по здравјето

Ford Mustang 10 Mio

Ford Mustang во 10 милиони примероци