за

Ford Mustang во 10 милиони примероци

Ford Mustang 10 Mio

Ford го прослави производството на 10-милионитиот Mustang. Тој е најпродаваниот спортски автомобил во САД во последните 50 години и воедно најпродаван спортски автомобил во светот во последните три години

Јубилејниот примерок на Ford Mustang вози со задолжителниот V8, со 460 КС, во каросерија лакирана во бело. Кабриолетот, необично за американски автомобил, поседува мануелен менувач. Но, овој избор не е случаен. Првиот примерок од Ford Mustang што се симнал од производствените ленти во 1964 година ја имал истата боја на каросеријата – и тристепен мануелен менувач. Осумцилиндарецот тогаш доспевал само до 164 КС.

Ford Mustang 10 Mio proslava

Прославата се одвиваше паралелно во седиштето на Ford во Дирборн и во актуелната фабрика за Mustang во Флет Рок, со филмско сценарио. Три авиони P-51 Mustang од втората светска војна, заедно со примероци од сите генерации и сите моделски освежувања на Ford Mustang што се произведувале во последните пет декади, парадираа меѓу седиштето во Дирборн и фабриката.

Ford Mustang е најпродаван спортски автомобил во Европа во последните три години

Од 2016 година, кога Ford Mustang за првпат беше понуден официјално на европскиот пазар, се продадоа над 38.000 примероци. Лани, тој постигна подобра продажба во сегментот од Porsche 911 на дури 13 пазари во Европа. Најголемите пет европски пазари за моделот лани биле Германија, Велика Британија, Франција, Белгија и Шведска.

Во знак на 50-годишнината од „Булит“ со Стив Меквин, Ford годинава изработи специјална серија од актуелниот Mustang, со стилски детали по пример на оригиналниот филмски автомобил. Моторот V8 има добиено и екстра коњски сили. Лимитираната серија е веќе распродадена во повеќето земји.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

wiesmann najava vrakanje

Wiesmann најавува враќање на сцената со нов модел

Audi e-tron rekuperacija

Електричниот Audi e-tron полни удолу исто колку што троши угоре