Почнува нова сезона на „Трговци со Автомобили“ на Дискавери

трговци со автомобили дискавери
трговци со автомобили дискавери

На 2-ри март, кога се најавува медиумски мрак за македонската публика, на каналот Дискавери почнува новата сезона на Трговци со автомобили, со легендарниот Мајк Бруер и со механичарот Ант Анстед.

Светот не е особено загрижен, околу тоа што на 2-ри март, на македонската публика ќе ѝ бидат достапни единствено телевизиски содржини, што веројатно и тогаш никој нема да ги гледа. Вештиот трговец со автомобили Мајк Бруер и искусниот механичар Ант Анстед подготвија нови содржини од популарното шоу „Трговци со автомобили“ или во оригинал Wheeler Dealers.

Во новата сезона, ова популарно автомобилско дуо, во работилницата во Лос Анџелес ќе реставрира стари автомобили, за потоа да ги продаде и по можност да заработи од тоа. Со ограничен буџет, но големи предизвици, овие автомобилски фанатици досега не пропуштиле да го постигнат тоа што го зацртале.

Во серијата ќе се појават култни автомобили, меѓу кои Fiat 124 Spider. Оваа легенда на тркала е во оригиналната состојба, но мора да се работи на многу поправки. Мајк ќе се погрижи автомобилот да достигне цена што ќе им донесе заработка на момците.

Понатаму, како што ќе напредуваат епизодите, доаѓа време и за петтата генерација на Ford Bronco, една од најголемите автомобилски легенди од другата страна на океанот.

Петнаесеттата сезона на „Трговци со автомобили“ започнува на 2-ри март, на каналот Дискавери.

Меѓу останатите автомобилски класици во целата серија ќе ги гледаме:

o 1972 Fiat 124 Spider

o 1973 Toyota Celica

o 2002 Mercedes Benz E55 AMG

o 2004 BMW M3

o Volvo Amazon 122

o Toyota Land Cruiser

o 1985 Merkur XR4Ti (Ford Sierra)

o Ford Bronco

o 1982 Porsche 911 SC

Мајк Бруер со нова книга: Водич за олдтајмери од „Wheeler Dealer“

Претходна објаваХибриден погон и за спортската изведба на Suzuki Swift
Следна објаваSkoda Octavia RS ќе вози со 245 КС, се вмешува електромотор

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here