Хакерите што го создадоа вирусот WannaCry ненамерно им помогнаа на австралиските возачи да избегнат плаќање казна за брзо возење.
Околу педесетина камери за надгледување на сообраќајот, од кои повеќето во центарот на Мелбурн, биле заразени со штетниот софтверски код WannaCry. Службеник кој бил вработен на одржување на мрежата од камери без знаење го вчитал вирусот во системот користејќи USB.
Благодарение на WannaCry, околу 600 возачи нема да платат казна
Полицијата во сојузната држава Викторија морала да поништи близу 600 казни за пребрзо возење и минување на црвено светло, иако не постои сомневање дека прекршоците биле направени.
https://twitter.com/BecksfordCyber/status/879373557117194240
Чуварите на редот по улиците во Мелбурн објаснуваат дека го презеле овој чекор за возачите да не изгубат доверба во веродостојноста на функционирањето на системот од камери за надгледување на сообраќајот.
Полицијата го открила присуството на вирусот во мрежата откако утврдила дека камерите рестартираат почесто од вообичаеното. Вирусот WannaCry ги зарази компјутерските мрежи во институциите и организациите во повеќе од 150 држави низ светот во минатиот месец.
Меѓу погодените се најдоа и Националната служба за здравје во Велика Британија, гигантот за достава на пратки FedEx и министерството за внатрешни работи на Русија.