Вирус го стопираше производството на Honda во Јапонија

Honda proizvodstvo

Поради вирус во мрежата што ги поврзува фабриките на Honda низ светот, јапонскиот производител минатата недела наложи еднодневен прекин во погоните во Самија. Нападот од WannaCry се случува по еден месец откако за првпат беше откриен вирусот што предизвика глобални штети.

Јапонскиот производител Honda објави дека ја прекинал работата во матичната фабрика во Самија. Причината за еднодневниот прекин било откривањето на присуството на вирусот WannaCry во глобалната мрежа на производителот. За еден ден, во оваа фабрика се произведуваат околу 1.000 примероци од моделите Accord, Odyssey Minivan и Step Wagon.

Honda воведе заштита уште во мај кога првпат беше откриен WannaCry

Штетниот софтверски код ги нападнал мрежите во Јапонија, Северна Америка, Кина и во останатите региони. Нападот се случил и покрај тоа што заштитни мери биле преземени уште во мај. Тогаш првпат беше откриен вирусот што се рашири во значајни организации и институции во повеќе од 150 држави.

Honda не е единствениот производител што претрпе напад од WannaCry. Во минатиот месец Renault и Nissan исто така пријавија штета од вирусот.

Претходна објаваPeugeot има нов пикап: Ексклузивно за Африка
Следна објаваКако Британците пропуштија да ја присвојат „бубата“ на Volkswagen

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here