Фолксваген очекува забавен раст во продажбата, жестока конкуренција

volkswagen id 4 амблем

Концернот Фолксваген предвидува забавен раст во продажбата во 2024 година, како одраз на ослабнатите економски предвидувања, засилувањето на конкуренцијата и зголемените трошоци.

Германскиот производител на автомобили очекува прометот годинава да се зголеми за 5 проценти, откако за минатата година попстигна раст од 15,5 проценти, со вкупно 322 милијарди евра.

Првиот човек за финансиите во Волфсбург, Арно Антлиц, посочи на „придушени економски изгледи и интензивна конкуренција“, но напомена и дека компанијата е уверена во успешниот исход за годинава.

Групацијата во којашто спаѓаат марки како Ауди, Фолксваген, Шкода и Бентли, кажа дека испораките на батериски електрични возила во 2023 година се зголемиле за 35 проценти, со вклупно 771.000 возила, со раст во продажбата во сите региони.

Концернот ја зголемил продажбата од сите марки за 12 проценти, на 9,24 милиони возила. Најголем раст е постигнат во Европа (+20 проценти) и Северна Америка (+18 проценти). Во Кина, којашто е најголем единечен пазар за Фолксваген, испораките на возила постигнале раст од 2 проценти.

Уделот на батериски електрични возила во вкупната продажба лани изнесува 9,3 проценти, наспроти 6,9 проценти во 2022 година.

Скусени трошоци

Фолксваген напредува со амбициозниот план да се смалат трошоците кај матичната марка на концернот, за да се зголеми маржата и да се фати трката со соперниците, главно со концернот Стелантис. Тие напори добија уште повеќе на итност, откако почна да забавува растот во продажбата на електрични воизла и расте конкуренцијата од поевтините кинески модели, од останатите европски производители и од Тесла.

Фолксваген во петокот објави дека планот за трошење за период од пет години ќе го скуси за 10 милијарди евра, на вкупно 170 милијарди евра. За тоа да се постигне, концернот ќе ги скуси најголемите трошоци и кај моделите со МВС и кај моделите со електричен погон.

Прометот во четвртиот квартал достигна 87 милијарди, со оперативна маржа од 7 проценти, објави производителот. Пречистениот оперативен резултат со 22,6 милијарди евра е на константно ниво, по пресметувањето на негативните ефекти од цените на суровините во висина од 3,2 милијарди евра.

Фолксваген очекува оперативната маржа во 2024 година да се движи меѓу 7,0 и 7,5 проценти.

Компанијата објави дека ќе им ја зголеми исплатата на матичните и повластените акционери со 0,30 евра по акција.

За годинава се предвидува дека високите трошоци на живот и на кредитите ќе влијаат врз потрошувачката, додека од друга страна, Кина се соочува со пад на пазарот на недвижнини и ослабната доверба во бизнисот.

Претходна објаваДХЛ го обнови партнерството со Ф1, двојно зголемена флотата на возила на биогориво
Следна објаваЕкстремисти ја саботираа фабриката на Тесла во Берлин

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here