за

Илон Маск гостин на собранието на топ-менаџери на Volkswagen

„Да воведеме револуција во Волфсбург и Volkswagen, да направиме најголемата промена во историјата на нашата група да стане стварност“, повика шефот на Volkswagen на важниот собир во Австрија.

Tesla, светска ѕвезда меѓу компаниите, не беше доволно американска за Илон Маск да биде поканет на состанокот на авто-босовите кај Џо Бајден, но затоа првиот човек на компанијата беше повеќе од добредојден на собирот на 200 менаџери од највисок ранг во концернот Volkswagen, што се одржуваше во австрискиот Алпбах.

Илон Маск, извршен директор на Tesla и Ерин Мајер, професорка на престижниот Инсеад, „бизнис училиштето за светот“, присуствуваа на собранието на 200 топ-менаџери во концернот Volkswagen. Шефот на американскиот специјалист за електрични автомобили присуствуваше виртуелно на настанот во австриското гратче Алпбах, во Тирол, но веќе е станато дел од секојдневието, луѓето да се појавуваат само „на екран“.

Информацијата дојде од твитер-профилот на првиот човек на групацијата Volkswagen, Херберт Дис, кој по настанот му вети на Маск дека а возврат ќе ја посети гигафабриката на Tesla во Берлин. Шефот Дис воедно посочи дека присутвото на Илон Маск на собранието било замислено како изненадување.

Во долгата објава на Дис, коментирана 215 пати, стои: „Како изнеадување на настанот, Илон Маск ни се придружи вечерта во видео-конференција. Ме радува тоа што дури и нашиот најсилен противник цени дека ќе успееме во транзицијата, доколку ја извозиме трансформацијата под полна гас. Еден пример за брзината на Tesla: Тие одлично се справуваат со недостигот од чипови, од причина што тие самостојно го развиваат софтверот. За само 2-3 недели, тие веќе располагаа со нов софтвер што им дозволува да користат различни чипови. Тоа е одушевувачки.“

На тридневниот настан, Херберт Дис порача дека е потребен нов начин на размислување во рамките на групацијата Volkswagen, но на крајот оцени и дека компанијата располага со сé што е потребно за впуштање во новите предизвици.

„Volkswagen е моќен во стариот свет, но нема гаранции за новиот свет. Ова е клучен момент за нашата компанија. Ерин Мајер зборуваше за импресивната и фасцинантна трансформација низ којашто мина Netflix, како инспирација. Ние сме далеку од тоа, но мораме да бидеме таму: Со побрзи одлуки, помалку бирократија, повеќе одговорност“, порача извршниот директор на автомобилскиот гигант од Волфсбург, Херберт Дис.

Преку поканувањето на Илон Маск, првиот човек на VW испрати порака дека германската компанија соработува со својот најголем соперник, во заедничката мисија што ја имаат сите субјекти во автомобилската бранша, и не само во неа. Тоа е заштитата на животната средина, намалувањето на емисијата на СО2 и постигнувањето одржливост во сите сфери на делувањето.

>>> По забавата во Берлин: Tesla ќе произведува гига-пиво

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia постигна рекорден удел на европскиот пазар и раст од 25 проценти

Mercedes-AMG отвори ексклузивен салон за автомобили во Афалтербах