Возач фатен со 210 km/h се оправдувал дека го избегнува вирусот

Возач фатен со 210 km/h се оправдувал дека го избегнува вирусот
Возач фатен со 210 km/h се оправдувал дека го избегнува вирусот

Англиската полиција фатила возач кој со автомобилот се движел двапати побрзо од дозволената брзина по лондонската обиколница М25. Неговото оправдување: Брзал за да не фати корона вирус.

Веродостојноста на целиот случај се потврдува преку објавата од сообраќајната полиција на твитер, во којашто се наведува: „Службеникот запрел возач кој по М25 возел со 210 km/h. Како причина за пребрзото возење, тој одговорил мислев дека ако возам побрзо е помала шансата да фатам корона вирус.Секако дека возачот ќе мора да одговара пред суд.

Британските полициски службеници наведуваат дека некои возачи го искористуваат тоа што патиштата се оптоварени помалку со сообраќај и возат пребрзо. Полицијата наведува случај, кога некој возач два дена по ред бил казнуван поради пребрзо возење, по делница на којашто е дозволено 65 километри на час. Во понеделникот тој прво бил запрен со 95 km/h, па во вторник му биле измерени 110 km/h.

Уште еден интересен случај е со возачот кој патувал 350 километри од Ковентри до Салфорд за да земе прозорци што ги купил на Ebay за 15 фунти. На враќање, неговата сопруга морала да седне во багажникот, затоа што од прозорците не останало простор во кабината. Секако, возачот бил казнет парично за овој сообраќаен прекршок.

Претходна објаваFerrari произведува вентили за респиратори
Следна објаваLada Niva меѓу големите малечки модели

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here