Volvo прв ќе го добие новиот автомобилски софтвер Андроид

Volvo и Алфабет, огранок на Гугл, објавија дека шведскиот производител отсега ќе биде главен партнер во развојот на автомобилски софтвер Андроид, што ќе им овозможи на клиентите на Volvo да го користат новиот софтвер, долго пред тој да стане достапен за останатите производители за автомобили.

„Добиваме можност за брзо да им ги понудиме новите функции и новите искуства на нашите клиенти,“ изјави Алин Бакенес, главен инженер за софтвер во Volvo, за агенцијата Ројтерс. „Тоа ни дава голема предност за да создадеме фантастично искуство за корисниците.“

Двете компании соработуваат веќе цела деценија, меѓутоа со ова продлабочување на соработката, инженерите на Гугл ќе ги возат автомобилите на Volvo со најновиот софтвер, со цел „да доживеат како нивните производи се однесуваат во вистински услови, многу порано и многу побрзо“, наведува Бакенес.

Тој објасни и дека автомобилската индустрија заостанува во просек за две генерации на Андроид зад мобилните телефони, а тоа „значи дека работите што можете да ги направите на вашиот мобилен телефон, во голем број случаи не можете да ги направите во автомобилот.“

Во возилата на Volvo во моментов работи Андроид 13, меѓутоа на годишната конференција за програмери И/О на Гугл, во Маунтин Вју, Калифорнија, двете компании го прикажаа знаменосецот на Volvo, електричниот СУВ-модел EX90, во којшто работи Андроид 15 – тоа е најновата верзија на оперативниот систем на Гугл за мобилни уреди. Тој ќе почне да се користи во редовното производство на Volvo подоцна во текот на годинава.

„Останатите веројатно ќе чекаат две години да ја добијат“ најновата верзија на Андроид, вели Бакенес.

Од македонската премиера на Volvo XC90 и EX90

На конференцијата И/О, двете компании покажаа и модел на вештачка интелигенција на Џеминај, вграден во EX90, што Volvo ќе го вчитува во своите модели во коишто е вклучен Гугл.

Бакенес наведе пример, дека возачите место да пребаруваат во своите телефони за да го најдат саканото одредиште, тие едноставно ќе можат да побараат Џеминај да го направи тоа, пребарувајќи низ е-поштата или пораките.

Возачите, исто така, ќе можат да побараат Џеминај да најде рецепти и потребните состојки да ги стави на список за купување, за на тој начин да се добие „човечки ориентирано исксуство, објаснува Бакенес.

Претходна објаваФиат Гранде Панда и во новата генерација ќе вози 4х4
Следна објаваФолксваген ја замени Тесла на пазарот на електрични автомобили во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here