Фолксваген ја замени Тесла на пазарот на електрични автомобили во Европа

Шкода Елрок беше воопшто најпродаван автомобил во Данска во април

По Елрок следат уште три модели од концернот Фолксваген: Компактниот ИД.3, лимузината/комби од средна класа ИД.7 и компактниот СУВ-модел ИД.4.

Елрок е конструиран врз истата платформа МЕБ со трите модели на матичната марка на концернот и во април постигна 8.070 продажби. Тоа го покажуваат првичните податоци од консултантската куќа Датафорс.

Втор е ИД.3 со 6.937 примероци, не заостанува многу ИД.7 со 6.783 возила и по него ИД.4 со 6.300 продажби. ИД.7 почна да се продава лани. Фолксваген притисна со големи попусти за своите ИД-модели.

По водечката четворка од концернот Фолксваген, следат уште два нови модели, градскиот модел Рено 5 Е-Тек на петтото место со 5.715 примероци и компактниот СУВ-модел Киа ЕВ3 со 5.614 возила.

Тесла Ипсилон, најпродаван ЕВ во Европа во 2024 година, падна на 10-то место во април, со продажба намалена за 51 проценти. Во текот на пролетва треба да почне испораката на освеженото моделско годиште.

Од јануари до април, продажбата на ЕВ напредуваше за 28 проценти. Производителите ја притискаат продажбата на своите електрични модели, за да не ги надминат строгите ограничувања за ЦО2 што ги постави ЕУ.

Од останатите новодојденци што имаат позабележлив старт, се издвојува премиум СУВ-моделот од виша класа Ауди Ку6 Е-трон, со продадени 3.971 примероци на 11-то место. Истото важи за Ситроен е-Ц3 со продадени 3.862 возила на 12-то место.

Модел Ипсилон сепак ја предводи продажбата во првите четири месеци

Расте продажбата на приклучни и обични хибриди, на сметка на бензинците и дизелите

Новите ограничувања за емисијата на ЦО2 одат во прилог и на продажбата на приклучни хибриди, иако од 1-ви јануари за нив е на важност „фактор на користење“, со којшто се прикажува многу пореална вредност на потрошувачката отколку претходно. Кон завршетокот на минатата година, голем број производители пуштија во продажба приклучни хибриди со продолжен досег, додека уште важеа старите закони.

Во меѓувреме, голем број кинески марки почнаа со продажба на приклучни хибриди во Европа. Најмногу се издвојува БИД. Кинезите на тој начин компензираат за казнените царини што ЕУ ги воведе за нивните електрични авотмобили.

Продажбата на приклучни хибриди имаше раст од 32 проценти во април. Најпродаван модел со овој вид погон повторно е БИД Сил Ју, со 5.300 возила. Веднаш по него се Фолксваген Тигуан, со 5.195 возила и Волво ИксЦ 60 со 5.192 возила.

Обичните хибриди исто така имаа раст, од 13 проценти. Први во продажбата и натаму се моделите на Тојота и Рено. Лидер во април беше Тојота Јарис Крос со 15.800 возила, пред класичниот Јарис со 15.011 возила. Два хибриди од групацијата Рено имаа одличен старт: Компактниот кросовер Симбиоз е 4-ти најпродаван модел (7.522 возила), на 7-то место е Дачиа Дастер со 5.155 возила со хибриден погон.

Опаѓа продажбата на обични бензинци (-9,3%) и дизели (-18%). Сепак има важни промени и во категоријата на обични бензинци, со доаѓањето на нов и широк спектар од модели од Стелантис, со 48-волтен благ хибриден погон, што ја смалуваат емисијата за 10 до 15 проценти. Такви модели се Пежо 208 и Пежо 2008.

Ауди А6 Е-трон помогна за растот кај премиум моделите од вишата класа

Компактните СУВ продолжуваат како најпродаван сегмент во Европа

Компактните СУВ ја зајакнаа својата позиција како најпродаван сегмент во Европа, со раст од 20 проценти во април. Малечките СУВ, вицешампиони, имаа пад од 5,5 проценти во продажбата. Мал пад од 0,6 проценти има и кај класичните градски модели.

Од останатите сегменти, поголем раст има кај СУВ-моделите од средна и виша класа (+26%), благодарение на новите модели. Раст од 15 проценти има и кај лускзуните СУВ со пого на струја, додека зголемената продажба за 38 проценти кај премиум моделите од виша класа се должи единствено на почетокот на продажбата на Ауди А6 Е-трон.

Претходна објаваVolvo прв ќе го добие новиот автомобилски софтвер Андроид
Следна објаваФилтерот за воздух во кабината се остава нечист подолго од две години, покажува истражување во Германија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here