
Повеќе од две третини од возачите (67%) непотребно се изложуваат на здравствен ризик, со тоа што го менуваат поленот за воздух во својот автомобил поретко од две години. Тоа го покажа истражување на Ибеј Моторс во Германија.
Пролет е, природата се буди и сé e расцветано – и тече нос. Тоа што малкумина го знаат: Возењето во автомобил може да им стане измачување на луѓето што се чувствителни на алергии, и покрај тоа што се убедени дека во кабината се заштитени добро од надворешниот воздух. Причината за тоа ја покажа едно истражување, што по налог на ЈуГов, го спроведе онлајн берзата за автомобили и делови Ибеј Моторс во Германија.
Според анкетата, повеќе од една третина (39 %) од сите возила по германските патишта имаат валкан или стар филтер за воздух во кабината. Тој станува извор на алергии, место да штити.
Кога филтерот за полен станува опасност по здравјето
„Голем број луѓе го потценуваат влијанието на лошиот внатрешен воздух, што може да има тешки последици токму за алергичарите и децата“, предупредува др. Берхнард Јунге-Хилзинг, оториноларинголог. „Нечист филтер може да предизвика воспаленија на дишните патишта и реакции на имунолошкиот систем, како кивање.“
Само еден од тројца (33 проценти) меѓу 1.675 анкетирани сопственици на автомобил потврдува дека го имаат заменето филтерот за кабина пред помалку од 2 години. Само при редовна замена, филтерот може да ја извршува својата функција да штити од алергени, спори или честички прашина.
Филтерот и покрај тоа се менува ретко. Меѓу причините спаѓа и тоа што повеќето возачи не се запознаени дека филтерот треба да се менува еднаш во годината. Станува збор за вообичаен заменски дел што е достапен во трговската и сервисната мрежа.
[the_ad id=”86579″]
Според истражувањето на Ибеј, две третини (67%) од возачите се впуштаат во ризик по здравјето, но и по безбедноста, затоа што или ретко го заменуваат филтерот (39%) или не знаат кога тој е заменет последен пат (29%). Само еден од три возачи (33%) е сигурен дека филтерот бил сменет пред помалку од две години.
Секој шести испитаник (18 %) е свесен дека филтерот за полен во автомобилот, или е постар од десет години, или никогаш не е сменет.
[the_ad id=”85764″]
Поскапите филтри поседуваат и додаток со активен јаглен, со што се подобрува делотворноста. За некои модели може да се обезбеди и филтер ХЕПА, што пречистува 99,95 проценти од честичките во воздухот. Тоа значи дека од 10.000 честички што допираат до филтерот, само пет се пропуштаат во кабината.















