Фиат Гранде Панда и во новата генерација ќе вози 4х4

Фиат Панда 4х4 е големо име на сцената. Торино ја нудеше во три генерации досега, ќе ја нуди и во Гранде Панда – со мала помош од електромотор.

Пред да почнат испораките на новиот модел, Фиат веќе одговара на прашањето што единствено ги засега традиционалистите и љубителите на Панда, односно сега Гранде Панда. Дали и таа ќе биде достапна во изведба со погон на сите тркала, како во сите три генерации, од 1980 година досега?

Меѓу бројните големи работи кај Фиат Панда спаѓаат нејзината достапност со цената и задолжителната изведба 4х4, што ги следеше сите генерации досега, од Тип 141 (1980-1996) и Тип 169 (2003-2013), до Тип 312 (2020-).

Како народ што се разбира во историските вредности и во традицијата, Италијанците создадоа концептен автомобил од новата Гранде Панда, којашто во бројни детали ги толкува најпрепознатливите обележја на првата Панда 4х4 од 1983 година.

Манифесто Гранде Панда 4х4 е моќна со дизајнот, со многу детали и секако со темна црвена боја, во духот на првата теренска Панда. Главното прашање е дали прозиводителите можат денес да си дозволат цена на погон на сите тркала, во модел во категорија во којашто и без тоа е мала заработката и не смее да се додава премногу во цената?

Одговорот го дава главната тема на којашто денес се бијат копјата на автомобилската сцена, електрификацијата. Токму додавање електромотор на задната оска ќе ѝ обезбеди на Гранде Панда погон за секаков терен и секоја пригода.

Првата Фиат Панда 4х4 од 1983 година, веднаш ја освои сцената со единствениот спој од практичност, удобност, елеганција, мали димензии, па и погон на сите тркала. Едноставниот концепт на моделот се покажа како предност на теренот.

[the_ad id=”85764″]

Гранде Панда не ја заменува постоечката Панда, којашто според најавите од концернот, ќе продолжи да се произведува и развива најмалку до 2027 година. На пазарот му недостигаат токму такви модели, малечки и едноставни, но пред сé, достапни.

Претходна објаваРено Клио најпродаван автомобил во Европа во април, Тесла ја нема во Топ 50
Следна објаваVolvo прв ќе го добие новиот автомобилски софтвер Андроид

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here