Volkswagen со два специјални ID.Buzz на празнувањето на Војна на ѕвездите

За премиерата на новата серија „Оби-Ван Кеноби“, Volkswagen изработи два посебни примероци од ID. Buzz. Едниот е „Light Side Edition“, другиот е „Dark Side Edition“. Автомобилите се дизајнирани заеднички од Volkswagen и Lucasfilm.

Два посебни примероци од новото електрично комби Volkswagen ID. Buzz, што се инспирирани од новата серија „Оби-Ван Кеноби“, дел се од годинешната „Star Wars Celebration“ во Анахајм, Калифорнија (од 26-ти до 29-ти мај).

Двете специјални шоу-возила, ID. Buzz Light Side Edition & ID. Buzz Dark Side Edition, ги прикажуваат светлата и темната страна на моќта. Нивниот дизајн ќе ги одушеви фановите на Војната на ѕвездите. Причината зошто Volkswagen е толку директно вмешан во премиерата: Германската марка е партнер на Lucasfilm во новата серија, којашто токму денес стартува на Disney+.

Дизајнерите посебно се инспириаа од Оби-Ван Кеноби и од Дарт Вејдер, двата иконски ликови во новата серија.

ID. Buzz „Light Side Edition”

https://photos.app.goo.gl/uEi3JxjwPXGZBgDKA

Долната половина од „Light Side Edition“ е обложена со фолија во беж боја, инспирирана од туниката на Оби-Ван Кеноби. Светнатиот хром во горната половина е во стилот на вселенските бродови и дроидите од Универзумот на Војна на ѕвездите. Сината боја по страните на каросеријата го симболизира ласерскиот меч на Оби-Ван. Стаклата се бојадисани сино и во тон се со осветлувањето на просторот околу возилото. На страничните стакла се наоѓаат логоа на Rebel Alliance. Исто и во тркалата од 21 инч се препознава стилот на серијата.

ID. Buzz „Dark Side Edition”

https://photos.app.goo.gl/KzXd1HMvsZwCbWHd6

Како основа за второто возило, ID. Buzz „Dark Side Edition“, служи товарната варијанта ID. Buzz Cargo. Црни и црвени тонови ја прикажуваат темната страна. Фолијата во долната половина на возилото е во сјајна црна боја, додека горната оловина е во мат црна боја. Линиите отстрана, светката, светлечките лајсни и прозорците се лакирани во впечатлива црвена боја. Инспирацијата секако доаѓа од ласерскиот меч на Дарт Вејдер. На тркалата со посебен дизајн и на каросеријата на ID. Buzz се наоѓа логото на Империјата.

https://photos.app.goo.gl/WeM1aWNH2E61DAJA9

https://photos.app.goo.gl/dTAfsnSSHySKMXQS6

https://photos.app.goo.gl/wRzkNS6kNgv6PrzR9

Новите ID. Buzz и ID. Buzz Cargo веќе стартуваа со нарачки на главните пазари во Европа.

https://www.youtube.com/watch?v=r7b7qp3kfc0

Volkswagen го ангажира Оби-Ван Кеноби за стартот на електро-комбето ID.Buzz

Претходна објаваOpel Rocks-e доаѓа да гаси прв во случај на пожар во фабриката
Следна објаваАнгличаните одушевени од кинеската фанки-кет, преку 6.000 можни нарачки

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here