Volkswagen подготвува голема лимузина на струја за 2026 година

Volkswagen работи на нов модел на електрична лимузина под развојно име Trinity. Станува збор за првата надградба на платформата MEB, што се користи за ID.3, ID.4, ID.5, Skoda Enyaq, Cupra Born & Co. Унапредената платформа ќе се води како SSP-платформа.

Првата лимузина со електричен погон на Volkswagen ќе постави нови мерила во поглед на досегот, брзината на полнење и степенот на дигитализација. Тоа го најавува магазинот Auto Bild во денешната објава за идниот модел, што е сосем извесно дека ќе го зафати местото што долги децении досега му припаѓаше на Passat.

Освен за лимузинскиот модел, платформата ќе се користи и за модел со друга каросериска форма, за којашто засега не се посочува точно. Volkswagen вложува многу во развојот и производството на новиот електричен автомобил. Германскиот магазин е информиран дека посебно за проектот Trinity ќе се гради нова фабрика надвор од матичното седиште во Волфсбург.

Auto Bild претпоставува дека новиот модел ќе биде долг најмалку 4,70 метри, ќе има мошне ниска силуета и ќе располага со долго меѓуоскино растојание. Предниот дел ќе биде впечатлив со светлечката лента по целата ширина на каросеријата. Тоа е потег што VW веќе го применува кај неколку нови модели. Препознатливата графика на светлата ќе ја сочинуваат неколку куси ленти од светлечки диоди, поставени една над друга.

Заоблените крила ги цитираат препознатливите форми на „бубата“

Предниот браник со моќни контури и со нагласени странични отвори за воздух ќе внесува спортска нота. Ист таков ефект ќе постигнуваат и заоблените и нагоре извлечени крила, коишто ќе сочинуваат брановидна линија по целата должина на каросеријата.

Производството во Волфсбург ќе стартува во 2026 година. За досегот се претпоставува вредност од околу 700 километри. Покрај тоа што идната електрична лимузина ќе полни брзо, веројатно со истата 800-волтна техника како во Porsche Taycan, таа ќе располага и со технологија за автономно возење според Ниво 4.

Тест на Auto Bild: Кој вози најбро по 3.000 метри од старт?

Идните модели на концернот ќе се произведуваат во значително помал број на варијанти. Тоа меѓу другото значи дека автомобилите ќе излегуваат од фабрика со сета технологија веќе вградена во нив, но за функциите на вградените уреди да може да се користат, ќе треба да се плати претплата. На тој начин ќе се поедностави производството, а тоа значи и дека цените на напредната технологија ќе се намалат. Германскиот Auto Bild очекува дека цените на електричната лимузина би стартувале од 35.000 евра.

>>> Volkswagen ID. Life е најава за народен електричен автомобил

 

Претходна објаваНовиот спортски херој од Porsche: Cayenne Turbo GT
Следна објаваFord Mustang Mach-E има проблеми со стабилноста на тестот на ADAC

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here