Volkswagen почнува со претплата на автомобил во Германија

Автомобилскиот бизнис добива нови форми и нуди нови услуги. Од денес во Германија може да се изнајми автомобил од Volkswagen и месечно за користењето да се плаќа, на пример, по 499 евра за електричниот ID.3.

За воведувањето на новата услуга секако дека постои мошне разумно објаснување. Според Volkswagen, постои широк круг луѓе што не мораат безусловно да поседуваат автомобил, но затоа имаат потреба од автомобил во одреден период. Претплатата е услуга меѓу класичен лизинг и CarSharing, односно краткотрајно изнајмување возило. Volkswagen очекува дека во 2030 година околу една петина од прометот ќе го остварува од претплата и други краткотрајни видови на мобилност.

Компанијата во следните месеци ќе обезбеди повеќе од 2.000 „млади користени“ примероци од електричните модели ID.3 и ID.4. Најкусиот период на претплата изнесува три или шест месеци, а по истекот на тој период, клиентот може во секое време да ја откаже претплатата, односно може да го врати возилото. Во цената е вклучено навистина сé, освен струјата за полнење на батеријата.

Тоа конкретно значи бесплатни 800 километри месечно, регистрација, технички преглед, редовно одржување, сервисен преглед, осигурување и данок. Клиентот може да посочи на кое место да му се достави возилото. Враќањето ќе биде во кој било салон на Volkswagen.

Во следните неколку месеци ќе биде можно целата процедура околу класичниот лизинг и купувањето автомобил да се заврши онлајн, вклучувајќи го секако плаќањето.

>>> Volkswagen ID.3 ја тестира електромобилноста во Македонија

Претходна објаваKia Sportage почнува уште едно успешно поглавје
Следна објаваВозење Porsche како автомобилски спа-третман: Road Tour 2021

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here