Фолксваген доби 30 милиони евра од португалската влада за да произведува евтин електричен автомобил

Фолксваген потпиша писмо за намери, за својот најдостапен електричен автомобил да го произведува во Португалија. Владата го цени тоа, иако даде само симболична помош.

Португалската влада му додели државна субвенција во висина од 30 милиони евра на Фолксваген, како помош за фабриката на концернот во земјата. За возврат, шефот на Фолксваген за Португалија, Хелмут Гунтер, во минатата седмица потпиша писмо за намери меѓу концернот и португалската влада, со којашто се потврдува дека идниот електричен модел на марката Фолксваген со најдостапна цена ќе се произведува во Палмела.

Уште од почетокот беше јасно дека Фолксваген нема да го произведува својот најдостапен електричен модел, сериската изведба од студискиот автомобил ИД Еври1, во Германија. Трошоците за производство на домашен терен се превисоки и тоа е пречка за да се постигне планираната цена од околу 20.000 евра.

Следната етапа на фабриката Аутоеуропа

Концернот во почетокот на годината ја соопшти конечната одлука. Малечкиот автомобил, што веројатно ќе ја носи ознаката ИД. Ап, ќе се произведува во Португалија. Фабриката Фолксваген Аутоеуропа во Палмела, на околу 40 километри југоисточно од Лисабон, се води како една од најефикасните фабрики на Фолксваген во Европа.

Португалскиот министер за економија Катро Алмеида го цени потпишаниот договор како „натамошен сигурен чекор кон иднината.“ Електричниот малечок автомобил е „следната етапа на фабриката Аутоеуропа.“

Концептниот ИД ЕвриУан го најави враќањето на Фолксваген во сегментот на мини автомобилите, откако пред пет години престана да го произведува Ап

Фабриката мора да се префрли на електрични возила

Кога ќе се земе предвид колку концернот вложува во проектот со евтиниот електричен автомобил, па уште и покрај прометот од преку 300 милијарди евра годишно, висината на субвенцијата од 30 милиони евра се чини скромна. Очекувањето за субвенциите од државата беше меѓу пресудните критериуми за концернот да ја избере фабриката во Палмела, се зборува во фабричките кригови. За фабриката и за 4.800 работници, тоа сепак е добар сигнал, „дека државата активно ќе ги обезбедува работните места и дека создавањето дополнителна вредност ќе остане во земјата.“

Германската марка добро ќе ги искористи парите, покрај фактот што по завшетокот на 2027 година, португалската фабрика ќе се префрли строго на електирчни автомобили. По модели како Шаран (во почетокот заеднички проект со Форд), Еос и Широко, во Палмела во 2017 година почна да се произведува и Т-Рок.

Малечкиот електричен автомобил ќе се произведува паралелно со моделите со мотор со внатрешно согорување. Не е предвидена посебна монтажна линија. За фабриката да се приспособи за ЕВ, сепак ќе бидат потрошени милиони евра.

Фолксваген ја прикажа силуетата на новиот Т-Рок, што ќе биде меѓу главните премиери на марката на салонот ИАА во Минхен во минатиот месец

Во 2024 година во Палмела беа произведени 236.000 примероци од Т-Рок

Во минатата година таму беа произведени 236.100 примероци од Т-Рок, што беше втор најдобар резултат на фабриката. Возилата оттаму се испорачуваат во Германија, Италија и Обединетото Кралство. Со тоа, Фолксваген Аутоеуропа учествува со 4,5 проценти во вредноста на извозот на Португалија и со 1,6 проценти во националниот бруто производ.

Новата генерациоја на Т-Рок е кусо пред старт и ќе се произведува во Палмела во целиот свој моделски век. Кон „завршетокот на деценијата“ Фолксваген сепак ќе додаде и чисто електрична изведба од новиот Т-Рок. Таа ќе биде конструирана врз новата платформа ССП и ќе се произведува во матичната фабврика во Волфсбург. Во меѓувреме, продажбата на возила со мотор со внатрешно согорување ќе опадне и ќе се ослободи место за електричната изведба да се произведува во Палмела.

Претходна објаваМерцедес пред 50 години го воведе темпоматот во С-Класа
Следна објаваКиа в година почнува со производство на својот најдостапен ЕВ во Словачка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here