Фолксваген го смени шефот што беше задолжен за штедењето

Концернот Фолксваген го смени директорот за финансии на матичната марка во екот на кризата. Таа функција во иднина ќе ја врши Дејвид Пауелс, кој доаѓа од Сеат.

Продолжуваат турбуленциите во Фолксваген. По минатата седмица што мина во знак на бурни емотивни реакции од вработените и работничкиот совет, откако беше најавена нова програма за штедење вредна милијарди евра, Волфсбург на 1-ви октомври ќе добие нов шеф за финансии за матичната марка Фолксваген. Патрик Мајер заминува во Шпанија, во Сеат, а досегашниот шеф за финансии на Сеат, Дејвид Пауелс, доаѓа да работи во Волфсбург.

„Финансискиот ресор несомнено добива големо значење во овие времиња. Патрик Мајер како директор за финансии во марката придонесе значително да се структурира програмата Перформанс и таа успешно да се спроведе. Тоа ќе го продолжи Дајвид Пауелс. Во исто време, при дополнително отежнати услови, тој ќе дава нови импулси за трошоците и структурите да бидат конкурентни“, изјави во соопштението шефот на марката Фолксваген, Томас Шефер.

Германскиот економски дневник Менаџер Магазин претходно објави дека Мајер во потрагата по нови потенцијали за заштеда во концернот сакал да посегне во „Иновациските фондови“, што инаку се наменети за идни проекти. Тие во моментов вредат околу 40 милиони евра. Фолксваген не наведе причини за смената во персоналот.

Дејвид Пауелс е докажан експерт за санација, што ќе биде на позицијата на главен комесар за штедење во матичната марка на концернот. Тој уште повеќе ќе ги притегне плановите за штедење. „Придонесот на Дејвид беше решавачки за трансформацијата на нашата компанија и придонесе да ги постигнеме нашите досега најдобри финансиски резултати. Неговата улога во враќањето на профитабилноста на Сеат беше клучна за растот на нашата компанија“, порачува шефот на Сеат, Вејн Грифитс, кој мораше да го предаде својот финансиски директор во Волфсбург.

Пауелс работи во Фолксваген од 1989 година и од 1-ви септември е финансиски директор за Сеат и Купра. Менаџерот одреди строга програма за штедење веднаш по стапувањето на функција во Сеат и во исто време помагаше да зајакне новата марка Купра, што во меѓувреме го престигна Сеат. Двете шпански марки повторно работат профитабилно и пишуваат рекордни бројки.

Претходна објаваСуперб по третпат: Најдоброто од Шкода уште подобро
Следна објаваШефот на Опел се подготвува за „подеми и падови“ на патот кон целосна електрификација

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here