Шкода ја одржува продажбата на концернот Фолксваген во плус

Концернот Фолксваген ги зголеми своите испораки незначително, но матичната марка е 0,4 процент во минус.

Од јануари до септември, сите големи пазари на концернот напредувале со испораките, единствено Кина влече во минус

Фолксваген во изминатите месеци го зголеми бројот на испорачани возила за еден процент. Постојат големи разлики од марка до марка, и од регион до регион.

Концернот Фолксваген во првите три квартали од 2025 година испорачал 6,6 милиони возила на светскиот пазар, што е раст од 1,2 процент во споредба со истиот период лани. Резултатот само за третото тромесечје се 2,2 милиони возила и зголемување од еден процент.

Постојат големи разлики меѓу продажните трендови во различни региони на светот. Во Западна Европа, концернот во изминатите три месеци ја зголеми испораката за осум проценти. Уште поголем е растот во Централна и Источна Европа, со 13,7 проценти во плус. На домашниот пазар, Германија, растот изнесува 4,6 проценти.

Вести за зголемена испорака доаѓаат и од Јужна Америка (+9,7 проценти), Азија и Пацификот (без Кина, +9,2%) и Средниот Исток/Африка (плус три проценти).

Кина и натаму носи пад во продажбата

Значителен пад има на вториот најголем пазар на концернот во светот, во Кина. Во третото тромесечје, германскиот концерн испорачал 660.300 возила, односно за 7,3 проценти под истиот период лани. Вкупно од почетокот на годинава, во Кина се испорачани четири проценти помалку возила. Мал раст имаше единствено во второто тромесечје, поради зголемената побарувачка за возила со МВС.

Најголемиот пад во третото тромесечје сепак доаѓа од Северна Америка, каде што продажбата забави за 9,7 проценти. Вкупно до септември се испорачани 246.900 возила, односно 7,2 проценти под резултатот од 2024 година. Тоа е директна последица од царинската политика на САД. Само во Соединетите Држави, падот изнесува 9,3 проценти.

Одлично се развива продажбата на електрични автомобили. Во последното тромесечје, БЕВ учестувале со 33,1 проценти во вкупната испорака на возила. Тоа се 252.100 возила со погон на струја. Посебно на тоа следат уште 299.000 приклучни хибриди, чијашто продажба пораснала за 55 проценти во споредба со лани.

Шкода силно ја турка продажбата

Меѓу марките, Шкода повторно се издвојува најмногу. Чесите од јули до септември испорачале 15,1 проценти повеќе возила, односно вкупно 265.300 возила. За девет месеци, во книговодствените записи стои плус 14,1 проценти. Уште поубедливи се бројки за електричните возила, чијашто продажба скокнала за 113 проценти, со 45.600 возила.

Тест на зимски гуми: Внимателно со евтините гуми, предупредува АДАК

Сеат/Купра продолжуваат со раст, со 136.900 возила во третото тромесечје, односно 9,8 проценти во плус. Матичната марка ФВ имаше мал пад од 0,4 процент, со 1,2 милион автомобили во изминатите три месеци. За целиот тек на годинава, сепак има раст од 2,8 преценти.

За разлика од останатите големоволуменски марки на концернот, матичната Фолксваген сепак има пад во продажбата на БЕВ, со минус 7,4 проценти во третиот квартал, односно 95.100 возила. Затоа, пак, расте испораката на доставни возила: Во третото тромесечје пораснале испораките на електрични возила за 162 проценти во споредба со лани, со вкупно 14.100 возила.

Ауди и Порше во минус

Кај Ауди сепак има пад од 2,5 проценти и 392.200 испорачани возила. Порше во изминатиот квартал испорачал 5,7 проценти помалку возила (66.100). Двете премиум марки напредуваа во испораките на БЕВ. Кај Ауди има раст од 59 проценти (62.000 возила), кај Порше се 98,2 проценти и 14.700 возила.

Со 2.500 возила, речиси е ист бројот на испораките на луксузните марки Бентли и Ламборгини во третото тромесечје. За Британците, тоа е раст од 24 проценти, но за Италијанците, сепак е минус од 14 проценти. Тоа се должи пред сé на марката Интернејшенел, што продава во САД и имаше минус од 57,3 проценти (13.400 возила). Овој голем пад сепак не успеа да го покрие марката МАН, чијшто испораки напредуваа за 24,7 проценти, со 24.600 возила.

Претходна објаваФранцуските работници во Стелантис стравуваат за работните места со новиот шеф Антонио Филоса, Италијанецот
Следна објаваКинескиот напад на автомобилскиот пазар може да „уништи“ осум фабрики во Европа до 2030 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here