Кинескиот напад на автомобилскиот пазар може да „уништи“ осум фабрики во Европа до 2030 година

Забавената продажба на автомобили и новата конкуренција, како кинескиот Би Уај Ди, може да ги присилат европските производители на автомобили да затворат и до осум фабрики, во ова време кога индустријата минува низ болно ресетирање, цени консултантската куќа Аликс Партнерс.

Презентацијата на Фиат Панда во 2011 година, во фабриката во Помиљано д'Арко

Просечната оптовареност на сите фабрики за автомобили на континентот изнесува само 55 проценти и тоа влијае врз рентабилноста на работата на автомобилските концерни, упатуваат од Аликс Партнерс. Тие ценат дека искористеноста на капацитетот е најниска кај концернот Стелантис, со околу 45 проценти.

„Европските производители на автомобили во следните години ќе изгубат меѓу еден и два милиони возила од кинеските марки,“ цени Фабијан Пјонтек, директор на Аликс Партнерс во Германија. „Кинеските производители на автомобили годинава ќе достигнат пазарен удел од околу 5 проценти во Европа.“

Затворањето на фабриките е скапо и условува водење долги преговори со моќните работнички синдикати. Аликс Партнерс ценат дека затворањето на голема фабрика што вработува околу 10.000 лица, создава трошоци во висина од 1,5 милијарда евра. Таков процес обично трае меѓу една и три години.

По долг период на раст, производителите на автомобили почнаа да скусуваат илјадници работни места и го смалуваат производството, поради тоа што побарувачката не се врати како на нивото пред пандемијата. Фабриката на концернот Фолксваген во Цвикау, Германија, во октомври нема да работи цела една седмица, додека Стелантис привремено го запре производството во фабриките во коишто се произведуваат моделите Фиат Панда и Алфа Ромео Тонале.

Бројот на испорачани возила во Европа лани порасна за само 0,9 процент, и достигна 13 милиони возила, покажуваат податоците од здружението АЦЕА. Кинеските марки, како Би Уај Ди, можно е до 2030 година да освојат 10 проценти од пазарот. Тоа дополнително ќе ги притисне европските производители да затвораат фабрики, укажуваат Аликс Партнерс.

Гледано општо, фабриките за автомобили работат профитабилно кога произведуваат најмалку по 250.000 возила годишно. Доколку кинеските производители успеат во 2030 година да продадат околу 2 милиони автомобили во Европа, регионот во тој случај ќе мора да затвори осум фабрики за автомобили.

Тест на зимски гуми: Внимателно со евтините гуми, предупредува АДАК

Затворањето цели фабрики е тежок предизвик во повеќето европски држави. Во Германија, претставници на работниците членуваат во надзорните одбори на компаниите, и можат да ги блокираат одлуките. Таков е случачот со концернот Фолксваген и со Мерцедес-Бенц.

Директорите на Фолксваген лани минаа месеци во преговори со водачите на работниците, со цел да се постигне спогодба околу скусувањето на трошопците. На крајот, Фолксваген се откажа од намерата првпат да затвори фабрика за автомобили во Германија, како резултат од тие преговори. Коцнернот сепак мораше да ги скуси капацитетите и да отпушти 35.000 работници.

Претходна објаваШкода ја одржува продажбата на концернот Фолксваген во плус
Следна објаваТесла воведе поевтин Модел Ипсилон на неколку европски пазари

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here