за

Шефот за персонал во Volkswagen порачува за пандемијата

Гунар Килијан, директор за персонал на концернот Volkswagen, на својот профил на деловната друштвена мрежа LinkedIn објави коментар поврзан со актуелните случувања околу ковид-пандемијата.

гуннар киллиан директор персонал Volkswagen AG

Од големите шефови секогаш има да се слушне нешто вредно и корисно, што важи и надвор од рамките на компанијата. Првиот човек во кадровското одделение на целиот концерн Volkswagen, господин Гунар Килијан, посочува на промените во однесувањето на заедницата во врска со заштитата од Ковид-19.

Гунар Килијан, првиот кадровик на концернот Volkswagen, објави на својот профил на професионалната мрежа LinkedIn: „За жал мораме да потврдиме дека во заедницата делумно слабее личното чувство за загрозување. Тоа не смее да се случува. Овие негативни појави мораме да ги спречиме со сите средства и не смееме да се замориме, делумно неомилените мерки мерки против корона да продолжиме да ги почитуваме на високо ниво и да ги применуваме истите.“

Членот на управниот одбор на Volkswagen и претседател на VW Truck & Bus, продолжува: „Поради тоа, безбедната работна средина за нашите колешки и колеги, за Volkswagen и натаму има највисок приоритет, особено покрај зголемувањето на ризикот од инфицирање во почетокот на есенската сезона. Во исто време, побарувачката за нашите производи се движи во позитивна насока, поради што го вложуваме максимумот, со цел да избегнеме уште еден Shutdown.

Концернот уште од самиот почеток на пандемијата реагира свесно и одговорно, меѓу другото воведе и пакет од 100 мерки за заштита од корона, кои понатаму се применуваат како индустриски стандард во повеќе од 5.000 компании, вклучувајќи го и сопствениот синџир од добавувачи на Volkswagen. Покрај тоа, сите фабрики и компании во рамките на концернот веќе неколку месеци организираат бесплатно тестирање на своите вработени од корона. Оваа мерка ќе продолжи да се применува и во иднина.

Порше Македонија, како компанија што е дел од концернот, исто така воведе бројни мерки со коишто ги приспособи своите дејности и услуги, со цел да ги заштити своите клиенти и вработените.

>>> Порше Македонија ги презема возилата за сервис од дома

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Автоматските менувачи во победнички поход

Volvo развива електричен модел во класата на Polo - Lynk & Co concept

Volvo развива електричен модел во класата на Polo