за

Volkswagen Golf 8 ќе оди на редовен сервис двапати поретко

volkswagen golf 8
volkswagen golf 8

Со почетокот на продажбата на Golf 8, Volkswagen најавува дека од следната година ќе воведе нов сервисен стандард. Од 2020 година, за сите модели на марката ќе почне да важи новиот концепт со подолг инвервал на сервисирање. Има и еден исклучок.

Со пристигањето на Golf 8 стартува и новиот сервисен концепт на Volkswagen. Според Ахим Шајбле, директор за постпродажба и дилерска мрежа на марката Volkswagen, „високиот квалитет на нашите возила ни дозволува сервисниот интервал во Европа да го удвоиме на 24 месеци.“

Тоа значи дека возачите на Volkswagen во иднина ќе мора поретко да ја посетуваат сервисната работилница. Новиот стандарден сервисен преглед, којшто го заменува досегашниот концепт со мал и голем сервис, во иднина ќе биде поедноставен и потранспарентен. Тој ќе почне да важи од следната година за сите модели на германската марка.

Единствен исклучок ќе бидат моделите со погон на струја. За новото семејство модели ID е осмислен посебен концепт на сервисирање, когошто Volkswagen ќе го објави со почетокот на продажбата на електричните автомобили.

Главниот момент околу новиот сервисен концепт е во тоа што интервалот за редовно сервисирање се удвојува на 24 месеcи во Европа, Јужна Кореја, Јапонија и Нов Зеланд. На останатите пазари, поради отежнати услови на работа, како што се топла клима или прашина, редовниот сервисен преглед и натаму ќе се врши на една година. Ограничувањата на километражата исто така остануваат на досегашното ниво, зависно од регионот и земјата.

Тој е Golf на новото денес: На струја, со име ID.3 и под 30.000 евра

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW 118i M Sport

Тест: BMW 118i M Sport

Авто делови од кафе: Соработка меѓу Ford и McDonald's

Авто делови од кафе: Соработка меѓу Ford и McDonald’s