за

Volkswagen го подготвува новиот Golf Plus

За Кинезите, 2013 е година на змијата, а во Волфсбург, ова е несомнено година на Golf. По моделите BlueMotion, GTI, R и Variant, следува верзијата со повишен покрив Golf Plus.

Стратезите во „Волчјиот град“, домот на Volkswagen, го замислија Golf Plus како замена за комбито Variant, кога моделот прв пат се појави на пазарот во 2005 година. Во секој случај Golf Plus постигна пристоен успех на пазарот. За моделот се решаваат првенствено купувачите што ја го ценат високото седење, но не го сакаат имиџот на спортски теренец. Откажувањето на Mercedes од вановската концепција кај класата А даде дополнителен поттик на продажбата на долгоногиот Golf, иако тоа следуваше пред крајот на неговиот моделски век.

vw golf plus 3

Според фотографиите од прототипите, новата генерација на Golf Plus не ја напушта концепцијата на претходникот и ја следи препознатливата линија на покривот. Дизајнот ќе се раководи според стилот на актуелната генерација на комбилимузинскиот Golf, но ќе има поголема разлика меѓу двата модела.

Покорисни се промените под ламарината. Исто како и сите нови модели од семејството на Golf, идниот Plus ја користи модуларната платформа. Меѓу предностите од неа се вбројува и подобрената просторна понуда во кабината. Порастот на меѓуоскиното растојание од 2,58 на 2,64 метри исто така ќе придонесе за повеќе простор за патниците. Новиот Golf Plus ќе биде долг околу 4,3 метри, а багажникот ќе нуди волумен од преку 400 литри.

vw golf plus 2

Палетата на мотори ќе стартува стандардно со 1.2 TSI со 85 КС. Продажбата ќе стартува пред крајот на годината. Можно е моделот да добие и позвучно име. Се спомнуваат Sportvan или Suran. Последново име се користи за комби изведбата на Volkswagen Fox во Јужна Америка.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Младите Американци не ги сакаат домашните автомобили

Најсилниот Opel вози со 325 КС