за

Volkswagen ги кани дизајнерите на инстаграм-натпревар

Volkswagen ги кани дизајнерите на инстаграм-натпревар
Volkswagen ги кани дизајнерите на инстаграм-натпревар

Клаус Бишоф, прв дизајнер на концернот Volkswagen, по повод светскиот ден на дизајнот, повикува на натпревар. Заедницата на инстаграм има задача да го создаде ID.3 за 2050 година.

Како ќе изгледа X-генерацијата на електричниот ID.3 на Volkswagen во 2050 година? Дали командите за ракување ќе бидат заменети со холограми? Дали роботи ќе управуваат со автомобилите. Првиот дизајнер во рамките на целиот концерн Volkswagen, Клаус Бишоф, по повод светскиот ден на дизајнот (27-ми април) повика на натпревар, преку инстаграм-профилот @volkswagen_de . Задачата е да се дизајнира ID.3 од 2050 година.

Во натпреварот можат да учествуваат сите професионални и идни автомобилски дизајнери. Во студијата на големите производители обично се работи на изгледот што возилата ќе го имаат по десет или повеќе години. Станува збор за затворен процес, кој е недостапен за младите дизјанери. Хер Бишоф сака да го смени тоа, со цел на младите дизајнери да им даде ориентир, за нивните креации да бидат поатрактивни за производителите.

Дизајнерите имаат задолжение во следните четири недели да постават свои креации на сопствениот профил на инстаграм и да го наведат хаштагот #VolkswagenDesign2050 . Тоа е сé што е потребно да се учествува.

Бишоф лично ќе ги избере трите фаворити и ќе ги покани дизајнерите во Волфсбург. Победничкиот дизајн ќе се изработи во 3D-печат во размер 1:4.

https://www.instagram.com/p/B_eomUkgd3Y/

https://www.instagram.com/p/B_aAzPzAQFC/

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дизелите во Kia Ceed во блага хибридна изведба

Дизелите во Kia Ceed во блага хибридна изведба

Ford Puma Ми-Да Гранд Моторс

Ако во авто-салоните има дива мачка, тоа е Ford Puma