Сите изведби со дизел мотор во гамата на Kia Ceed отсега се достапни и во верзија со благ хибриден погон. Моторот 1.6 CRDi во верзии со 115 и со 136 КС во верзиите со дополнителна ознака EcoDynamics+ e комбиниран со 48-волтна мрежа и постигнува заштеда особено во град.
Сите дизелски изведби во моделското семејство на Kia Ceed отсега се достапни и во верзија со благ хибриден погон. Познатиот мотор 1.6 CRDi и натаму располага со 115 или 136 КС, но е комбиниран со 48-волтна мрежа и со стартер-генератор со моќност до 12 киловати (16 КС).
Начинот на делување на благиот хибрид е познат: Малата батерија се полни со претворање на кинетичката во електрична енергија, при забавување, сопирање или возење по надолниниа. Оваа енергија се користи за стартер-генераторот кусо време да функционира како електромотор и да му помага на моторот при забрзување, со цел да се смали потрошувачката на гориво. При возење умерена брзина, оваа енергија му е доволна на стартер-генераторот да ја одржува брзината постојана, при што моторот останува изгаснат на покуси делници.
Kia Ceed 1.6 CRDi Eco Dynamics располага со интелигентен мануелен менувач iMT, со електронски регулирана спојка. Со доплата е достапен и седумстепен менувач со двојна спојка.
Со примената на 48-волтната технологија, со четирипати повисок напон од стандардната мрежа, Kia Ceed постигнува намалување на емисијата на СО2 до 10,7 проценти, зависно од моделската изведба и опремата. По норма, Ceed 1.6 CRDi 115 Eco Dynamics+ троши меѓу 3,7 и 3,9 литри дизел.



















