Концернот Piaggio по повод јубилејот понуди цела серија специјални модели. Primavera 50 и 125, исто и GTS 125 и 300, достапни се во изведбa „75th“.
Моделите се лакирани во жолта боја Giallo Metallic, со бројката на јубилејот од лево и од десно назад, како и на предниот заштитен панел. Клупата е обложена со нубук-кожа во сива бојоа. Тркалата исто се лакирани сиво, а бројни детали имаат хромиран финиш. Ексклузивната задна чанта на преклопливиот багажник потсеќа на времињата во кои уште се носеше резервна гума.
Секој купувач на Vespa 75th дополнително добива плакета за јубилејот, специјален прирачник за употреба, осум карти со мотиви од осумте децении на Vespa, како и свилен шал.
>>> Шон Вотерспун создаде посебна верзија на Vespa Primavera
https://www.instagram.com/p/CMJxxKkK_fe/
















