Повторно брилијантен – првото место на подиумот му припадна на Давид Малинковски со тајминг од 02:02.460 минути, второто место го освои Владимир Тренески со време 02:02.442 минути, додека трет беше Марко Блажевски со 02:05.152 минути.
Давид Малинковски беше метри до освојување на првата победа во Twingo Cup, но на последните метри пред целта на Гробник во мешаницата од возила не успеа да се снајде и заврши како четвртопласиран. Toj по вторпат сезонава завршува како четвртопласиран во генерален пласман.
Пласманите на останатите Twingo CUP натпреварувачи се следните:Мартин Костовски (21), Ангелче Стојковски (22) Зоран Мираковски (20) додека пак Слободан Трајковски не ја заврши трката.
До крајот на годината планирани се најмалку уште две трки на Twingo CUP на Европските автодроми.















