за

Тунел во Њујорк гасне пожар со водена магла

Незгода или пожар во тунел се меѓу најлошите сценарија што може да се случат во сообраќај. Во тунел во Њујорк е вграден систем што нуди висока заштита во тој поглед.

Во тунел во срцето на Њујорк е вграден првиот систем за прскање водена магла под висок притисок во САД, со висока ефикасност при гаснење пожар. Во основа станува збор за сличен систем како разладувачите во ресторани и кафетерии на отворено.

Тунелот Хју Л. Кери е отворен пред 70 години и ги спојува Менхетен и Бруклин. По 70 години, повеќе не можеше да се исполнат строгите стандарди за заштита од пожар. Поради тоа, тунелот доби врвна техника којашто меѓу другото зафаќа помалку простор, со цевки што имаат најмалку 50% помал пречник отколку кај обичните системи. Тоа овозможи цевките лесно да се вградат во каналите за проветрување.

Системот за прскање водена магла постигнува тридимензионално разладувачко дејство, коешто брзо го разладува местото на пожарот. На тој начин е заштитена и самата градба. Значително се намалува и потрошувачката на вода, во споредба со обичните системи. Тоа води кон следната предност, а тоа се значително помали резервоари со вода. Сето тоа се клучни предности во Њујорк, каде што просторот претставува богатство.

Тунелот Хји Л. Кери претставува важна сообраќајна жила, а се наплаќа и патарина. Со новиот систем, затворањето на тунелот во случај на пожар би траело мошне кусо, а веројатно и воопшто би немало потреба од прекин на сообраќајот.

>>> Како работат светлата што сами се палат и гасат

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lamborghini Urus постави брзински рекорд на Бајкалско Езеро

РСБСП советува да се користи детско седиште