Трамп планира 25% царина за возила од Мексико и Канада, укинување на субвенции за електрични автомобили

Шевроле Еквинокс е еден од моделите што Џенерал Моторс ги произведува во Мексико и ги продава на домашниот пазар

„Размислуваме за 25 проценти за Мексико и Канада, поради тоа што тие дозволуваат маса луѓе“ да влегува во САД, одговори Трамп на новинарско прашање во Овалниот Кабинет. „Мислам дека ќе го направиме тоа до 1-ви февруари.“

Трамп исто така побара неговата влада да размисли околу укинувањето на субвенциите и други мерки што се во корист на електричните возила. Тоа ќе биде и темелот што понатаму ќе води кон тоа да забави преоѓањето на електрични возила во САД.

Европските и азиските производители на автомобили веројатно ќе трпат последици од царините на Трамп

Плановите на Трамп да се воведат царини за двете нации што се од клучна важност за енергетиката во САД и за увозот на автомобили, претставуваат закана за отпочнување на трговска војна меѓу потписничките на заедничката Декларација на САД, Мексико и Канада (УСМЦА), што под притисок на Трамп беше потпишана за време на неговиот прв претседателски мандат. Со таа Декларација во 2020 година престана да важи НАФТА, Северноамериканската зона на слободна трговија.

Со пактот се регулираше трговската размена на стока и услуги во вредност од 1,8 билион долари, според податоците за 2022 година.

Канада и Мексико најавија дека ќе возвратат со мерки против стока од САД доколку Трамп им воведе царини. Во 2026 година претстои ревизија на УСМЦА.

„Канада е многу лош насилник,“ изјави Трамп, негодувајќи поради прометот на фентанил и мигранти долж северната граница на САД.

Кинескиот пазар се подослободи од притисокот, откако Трамп во таа пригода не спомна дека веднаш ќе воведе противмерки за втората најсилна економија во светот.

Аналитичарите на Бернштајн уште во ноември предупредија дека обемот на царините што Трамп ги предлага за соседите на САД ќе влијае „катастрофално“ врз автомобилската индустрија во САД и производителите на автомобили во Детроит, коишто увезуваат во САД голем број возила од Канада и Мексико.

Стелантис увезува околу 40 проценти од возилата што ги продава во САД, додека Џенерал Моторс узезува околу 30 и Форд Мотор околу 25 проценти, беше наведено во истражувањето на Бернштајн.

Дополнителните царини ќе ја погодат трговијата со автомобилски делови што достига вредност од 97 милијарди долари, како и 4 милиони произведени возила што од тие држави се увезуваат во САД секоја година. Во истражувањето на Волф Рисерч, понатаму се предвидува дека цената на новите автомобили поради тоа ќе се зголеми за околу 3.000 долари.

Трамп напомена и дека уште е на ставот за воведување универзална царина за сé што се увезува во САД, меѓутоа додаде дека „уште не е дојдено дотаму“.

„Може да одредите универзална царина за сите што имаат бизниси во САД, затоа што тие доаѓаат и го крадат нашето богатство,“ вели тој, додавајќи дека ќе треба да се реагира „рапидно“.

Канада исто така објави првичен список со стока произведена во САД, во вредност од 105 милијарди долари, што може да биде подложна на царини, доколку Трамп прв се реши на таков чекор.

Владата на Претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум, соопшти дека царините ќе влијаат врз трговијата меѓу двете држави што достигнува 800 милијарди долари годишно, повлекувајќи опасност од инфлација во САД.

Субвенциите за електрични возила се под знак прашање

Директивата за електрични возила на Трамп, што претставува дел од Одредбата со поширока важност за енергетската политика, оценува дека помошта за електрични возила и други „погрешно осмислени нарушувања на пазарот од страна на владата“ го охрабруваат нивното купување.

Во САД не постои стриктна политика за електричните возила, меѓутоа неодамна воведените ограничувања за емисијата на штетни материи од возилата, ги условија производителите да продаваат повеќе електрични возила.

Трамп не им наложи директно на Агенцијата за заштита на животната средина да внесе промени или да ги смени тие закони, или на Министерството за транспорт да ја смени регулативата за потрошувачката на гориво, што стана построга за време на Бајден.

Со одредбата сепак се бара стриктно да се укинат привилегиите, што на сојузните држави им дозволуваат да ја ограничат продажбата на возила со погон на фосилни горива. Тоа меѓу другото значи дека Трамп повторно ќе ја нападне Калифорнија заради тие привилегии. Оваа сојузна држава бара производителите секоја година да ја зголемуваат продажбата на возила со нулта емисија, до 2035 година, за потоа да биде дозволено во Калифорнија да се продаваат само нови автомобили со нулта емисија на штетни материи.

Трамп им наложи на министерствата да запрат со исплата на пари по основ на два закони од времето на Бајден – Актот за спречување на инфлацијата и Актот за вложување во инфрастуктура и работни места, вклучувајќи и средства за изградба на мрежа од полначи за електрични возила ширум земјата.

Советниците му препорачаа на Трамп да ги укине државните субвенции што ја поттикнуваа продажбата на електрични возила, вклучувајќи субвенција во висина од 7.500 долари, но и да се продолжи со помош за домашните производители на електрични возила.

Претходна објаваСо новата Фронтера, Опел ја заокружи својата понуда од СУВ-модели
Следна објаваШкода почна со производство на својот најдостапен електричен модел

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here