Шкода почна со производство на својот најдостапен електричен модел

Чешкиот прозиводител на автомобили го пушти под полна пареа производството на својот најдостапен електричен модел Шкода Елрок. Моделот се произведува во матичната фабрика во Млада Болеслав, на иста линија со Ениак и со Октавија.

Шкода од денес го произведува својот најдостапен електричен модел Елрок во главната фабрика во Млада Болеслав. Флексибилната поставеност на монтажната лента дозволува Шкода Елрок да се произведува на иста линија со големиот СУВ на струја Ениак и со бестселерот Октавиа.

Со цел да се ослободи место за 600 примероци од Елрок да се произведуваат секој ден во Млада Болеслав, Шкода пресели дел од производството на Октавиа во фабриката во Квасини.

Моделот се поставува како еден од најдостапните електрични модели во својот сегмент на компактни СУВ. На неколку пазари, каде што постојат високи субвенции, електричниот Елрок постигнува иста цена со Карок со споредлива моќност. Платформата МЕБ е заедничка со Ениак, еден од најпродаваните автомобили на струја во Европа во минатата година.

Во фабриката во Млада Болеслав се изработуваат и батериите за возилата врз платформата МЕБ. Освен во новиот Елрок и во освежениот Ениак, батериите оттука се користат и во електричните модели на останатите марки на Фолксваген. Во декември беше произведена милионитата батерија тука.

Компактниот СУВ-модел Елрок е од стратешка важност

Шкода Елрок е прв целосно електричен модел на марката во сегментот на компактните СУВ-модели, којшто е втор најпродаван сегмент во Европа. Тоа е воедно и првиот модел што го усвои новиот дизајнерски јазик Модерно Солиден. Со цена од 33.000 евра на одбрани европски пазари – без вклучена субвенција – Елрок е еден од најдостапните електрични автомобили во својата класа.

Понудата од моделски изведби се состои од три големини на батерија (до 82 кВч) и повеќе конфигурации на погон, со моќност од 125 до 210 кВ (170 до 286 КС). Изведбата Елрок 85 постигнува досег до 581 километри и на брз полнач со еднонасочна струја полни од 10% до 80% за 25–28 минути, зависно од погонската конфигурација.

Видеото од тестот на Шкода Ениак Купе 85

Претходна објаваТрамп планира 25% царина за возила од Мексико и Канада, укинување на субвенции за електрични автомобили
Следна објаваБрз полнач за електрични автомобили е поставен во Охрид, вкупно шести во државата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here