Трамп најави изземање од царина за некои производители на автомобили

Доналд Трамп им има фрлено око првенствено на германските производители на автомобили.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, размислува околу можноста за увозот на одредени автомобили и делови за автомобили да биде изземен од царина. Трамп го најави тоа на конференцијата за медиуми, што на 14-ти април се одржа во Белата Куќа. На тој начин, Трамп сака да им даде повеќе време на производителите на автомобили, за тие да ја засилат својата продукција во САД.

Тоа би претставувало уште една пресвртница во царинската политика на Соединетите Држави. Таканаречените реципрочни царини за повеќето држави се на важност веќе 90 денови, со исклучок на Кина.

Можно е производителите на автомобили и добавувачите на автомобилските фабрики да добијат олеснувања, иако засега уште отсуствуваат подробности околу обемот и датумот кога би следеле тие олеснувања. Вредноста на акциите на автомобилските компании расте и покрај неизвесноста. Акциите на Фолксваген, на пример, пораснаа за 2,34 проценти, во Џенерал Моторс вредат 1,34 процент повеќе, додека Форд има раст од 2,5 проценти.

На производителите на автомобили „потребно им е извесно време“

Трамп буквално кажа. „Размислувам на кој начин да им помогнам на производителите на автомобили“. Компаниите од браншата денес произведуваат делови во Канада, Мексико и други држави. „Потребно им е извесно време, затоа што тие сакаат деловите во иднина да ги произведуваат тука,“ изјави претседателот.

Трамп одреди царинска стапка од 25 проценти за увезени автомобили и делови. За возилата се плаќа царина од 3-ти април. За делови и за компоненти, царините стапуваат на важност најдоцна на 3-ти мај.

Производителите на автомобили бараат олеснувања

За Канада и Мексико веќе постојат исклучоци, и тоа за возила што според условите на северноамериканската спогодба за трговија (УСМЦА) учествуваат во доволен обем во создавањето дополнителна вредност во земјата.

Трите големи производители на автомобили во САД – Форд, Џенерал Моторс и Стелантис – се тие што во изминатите недели најмногу притискаа во владата на Трамп, за да бидат изземени од царините. Како што објави Блумберг, компаниите се подготвени да платат царини за возилата што веќе се произведени, како и за големи компоненти, односно главно мотори и менувачи.

[the_ad id=”85764″]

Царинската политика на Трамп веќе предизвика масивни нарушувања. Стелантис отпушти 1.00 работници во САД, бидејќи недостигаа делови за монтажа во возилата. Фолксваген најави дека ќе ги зголеми цените и ќе наплаќа увозна царина за возила што се произведени во Мексико, којашто ќе ја плаќаат купувачите во САД.

Претходна објаваКина престана да нарачува модели на Тесла што се увезуваат од САД
Следна објаваИнвеститорите во Стелантис се против исплатата на 23 милиони евра за екс-шефот Тавареш

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here