Toyota започна со производство на кросоверот Yaris Cross

Во фабриката на Toyota во Франција започна производството на Yaris Cross, комплетно нов модел во понудата на марката. Компактниот кросовер со урбан стил ќе стартува со продажба во Европа во август.

Toyota вложи дополнителни 400 милиони евра, за фабриката во Валенсјан во којашто се произведуваа сите генерации на Yaris досега, да се приспособи за производство на новиот Yaris Cross. Двата модели ќе се произведуваат на истата линија во фабриката на северот на Франција, 4-та генерација на Yaris покрај комплетно новиот модел Yaris Cross. Вкупната продукција од двата модели може да достигне 300.000 примероци годишно.

Дизајниран и развиен според потребите и желбите на европските купувачи на СУВ-автомобил во сегментот Б, новиот модел го пополнува местото на Urban Cruiser. Менаџерите на Toyota очекуваат најголемиот дел од продажбата да отпаѓа на изведбата со хибриден погон и ниска емисија на СО2. Тоа е во согласност со плановите на компанијата да постигне 90% електрификација на моделската понуда до 2025 година.

Воведувањето на Yaris Cross е важно поради тоа што од една страна ја зајакнува конкурентноста на Toyota, а од друга страна ја зајакнува нашата стратегија за локално производство и максимално искористување на производствените капацитети, во насока на исполнувањето на целта на Toyota да ја зголеми продажбата во Европа на 1,5 милион возила до 2025 година

Марвин Кук, заменик извршен директор, Toyota Motor Europe

Визијата на Toyota за локализација на европската моделска понуда отвори ново поглавје годинава, кога во фабриката во Полска започна производство на менувачи и електромотори за возила со хибриден погон. Toyota Yaris и Yaris Cross ги користат 1,5-литарскиот мотор и хибридната погонска спрега што се произведуваат во Полска.

Yaris Cross е втор модел врз платформата Toyota GA-B и осми модел развиен според новиот инженерски пристап TNGA, што се произведува во Европа

Јапонскиот концерн вложи и во зголемување на капацитетот и модернизација на фабриката во Чешка, заради отпочнување со производство на Yaris, кој е именуван за Автомобил на годината во Европа за 2021 година.

Со воведувањето на новиот модел, работната сила во француската фабрика се зголеми на близу 5.000 лица.

Тојота Авто Центар најави дека моделот наскоро ќе стартува со продажба на македонскиот пазар.

Претходна објаваCamry и Superb се единствени „нормални“, сé друго е премиум
Следна објаваИма крал и меѓу лавовите: Peugeot се враќа на Леман

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here