Најпродаваниот модел на Toyota на европскиот пазар, Yaris, од почетокот на следната година ќе биде достапен во дополнителна хибридна изведба со 130 КС, како и со неколку зафати во дизајнот и во безбедносната опрема.
На спомнатите новини им се придружуваат и дигитални инструменти чијшто приказ може да се менува по желба, побрз и побогат мултимедиски систем, како и дигитален клуч за далечинско отклучување и стартување на моторот.
На постоечката хибридна изведба со системски 116 КС ѝ се приклучува посилна верзија со 130 КС, којашто ќе обезбеди и поспортска динамика.
Заслугата за тоа е во примената на нов трансаксијален менувач, кого што Yaris го презема од петтата генерација на хибридниот погон на Toyota – којшто ја имаше својата премиера во Corolla Cross, а потоа и во освеженото моделско годиште на Corolla.
Во комбинација со преработениот контролен софтвер на хибридниот погон, 1,5-литарецот во посилната верзија доаѓа до 130 КС, што е за 12 проценти повеќе во споредба со стандардниот модел. Вртежниот момент напредуваше уште повеќе, од 141 на 185 њутнметри, што одговара на зголемување од 30 проценти.
Најопремените изведби на моделот, Premiere Edition и GR SPORT, стандардно ќе се испорачуваат со 130-коњскиот хибрид. Тој ќе биде опција во нивото Style.
Дигитални новини: Toyota T-Mate & Over-the-Air-Updates
Под поимот Toyota T-Mate се опфатени најнапрените системи за асистенција, меѓу коишто е главен познатиот пакет Toyota Safety Sense, што препознава опасност од судир, предупредува и му помага на возачот да ја избегне пречката со зафати во управувањето и сопирачките. Системот во иднина ќе се освежува од податочен облак (Over-the-Air-Software-Updates), исто кaко и новиот мултимедиски систем. Тоа значи дека нема потреба да се посетува сервисната работилница за да се вчита најновиот софтвер.
[the_ad id=”73735″]
Главното шоу во внатрешноста го приредуваат дигиталните инструменти од седум или 12,3 инчи, заедно со побрзиот и побогат мултимедиски систем, со средишен дисплеј од девет или 10,5 инчи.

Духот на освежувањето донесува и дигитален клуч во Yaris, како опција. Тој е поврзан со апликацијата MyT и овозможува до пет корисници да уживаат пристап во возилото, со помош на телефонот – без потреба од физички клуч.
Во изгледот е новина новата добојна комбинација од нептун сина со црн покрив и црни столбови. Сината боја се повторува и во внатрешноста, на пример, на штеповите на седиштата и по вратите. Нов дизајн стои на располагање за бандажите од 17 инчи во црна боја.
За специјалната серија Premiere Edition може да се избере и платинесто бисерна бела боја и сребрена металик. Во целата гама е достапна и новата боја на модра смрека, позната од Aygo X.
















