Продажбата на хибриди во Полска порасна за 50 проценти, балгодарение на силната побарувачка за моделите како Тојота Ц-ХР и Лексус Н Икс.
Тојота во улога на најпродавана марка на полскиот пазар и нејзината сестринска марка Лексус беа меѓу најголемите добитници во Полска, каде што пазарот во јули постигна двоцифрен раст.
Тојота и Лексус успешно ја спроведоа кампањата со попусти за своите модели во Полска. Тоа резултираше со раст од 21 проценти кај Тојота и дури 116 проценти кај Лексус.
Вкупниот автомобилски пазар во земјата порасна за 19 проценти.
Тојота е меѓу најголемите дибитници на полскиот пазар, кога станува збор за растот во продажбата на возила во јули, со 1.251 повеќе продадени возила во споредба со јули 2023 година.
Мерено според бројот на возила, најголем раст има компактнот СУВ-модел Ц-ХР, чијашто продажба порасна за 186 проценти (+619 возила). Ц-ХР воедно имаше и еден од најголемите попусти што ги понуди Тојота, со 20.000 злоти попуст, што одговара на 5.125 евра.
Најпродавани 10 марки во Полска во јули 2024
| 1 | Toyota | 7,316 | 21% |
|---|---|---|---|
| 2 | Skoda | 4,250 | 1.6% |
| 3 | Kia | 3,296 | −0.6% |
| 4 | VW | 3,174 | 7.2% |
| 5 | Audi | 3,049 | 35% |
| 6 | Hyundai | 2,787 | 15% |
| 7 | Mercedes | 2,660 | 47% |
| 8 | BMW | 2,328 | 56% |
| 9 | Lexus | 1,302 | 116% |
| 10 | Dacia | 1,282 | 20% |
Лексус продаде 700 повеќе возила отколку во јули лани. Победници кај луксузната марка беа хибридниот Л Б Икс (+277 возила) и Н Икс (+270 возила).
Поради тоа што продажбата на Тојота и Лексус се состои главно од модели со хибриден погон – во јули, 77% од возилата продадени во Полска беа хибриди – вкупната продажба на хибридите на целиот полски пазар покажа раст од 50 проценти во јули.
Добар месец имаа и германските премиум марки. Ауди, Мерцедес-Бенц и БМВ, сите имаа раст од по околу 800 возила. Во проценти, БМВ постигна раст од 56 проценти, следи Мерцедес со 47 проценти во плус и Ауди со 35 проценти.
Удел на видовите на погон во Полска во јули 2024
| Бензин | 24,358 | 13% |
|---|---|---|
| Дизел | 6,600 | 14% |
| Хибриди | 8,917 | 50% |
| Приклучни хибриди |
1,356 | 28% |
| Електро | 1,154 | 0.2% |
| Гас | 853 | −9.5% |
| Вкупно | 43,238 | 19% |
Хибридниот погон и македонскиот пазар
Хибридниот погон беше единствениот повластен вид на погон во историјата на македонскиот автомобилски пазар, сé додека не се случи несреќната 2020 година, кога тогашните власти покажаа и докажаа какви последици може да се предизвикаат со бедни познавања на чувствителната тематика на автомобилизмот.
Тогашното групер-министерство за економија неуко ја укина регулативата, што возилата со хибриден погон дотогаш ги ослободуваше од акциза, што значеше најмалку 2.500 евра пониска продажна цена од вистинската за моделите со хибриден погон. Дваесет години претходно, хибридите постигнуваа висок удел во продажбата на македонскиот пазар и претставуваа единствена појдовна точка за секаков развој на автомобилскиот пазар во насока на одржливост и сочувување на животната средина.
















