Toyota ќе паузира две фабрики во Јапонија поради недостиг од чипови

Toyota ќе го запре производството на три ленти во две фабрики во Јапонија во текот на следниот месец. Компанијата во соопштението наведува дека причината е недостигот од компоненти, не посочувајќи точно за какви компоненти станува збор, но сосем е извесно дека тоа се чипови.

Најголемиот проблем на автомобилската индустрија во втората корона-година не е директно пандемијата, но пак е поврзано со неа. Браншата веќе извесно време се соочува со недостиг од полупроводници. Електро-гигантите произведуваат полупроводници, но нема доволно за автомобилската индустрија. Проблемот е во тоа што лани никој не очекуваше дека побарувачката за автомобили ќе се врати за толку брзо време. Паралелно цветаше бизнисот на една бранша, на производителите на забавна електроника, преносни уреди и компјутери. Светот моментно произведува полупроводници за тие потреби. Авто-производителите останаа резервирани, очекувајќи намалена побарувачка. Сега нема доволни чипови за нив.

Од вкупно 29 производствени линии во 14 фабрики во Јапонија, три линии во две фабрики ќе мируваат неколку денови во текот на јуни. Во фабриката на Toyota Motor East Japan, Inc. (TMEJ) во Ивате, погоните ќе мируваат од 7-ми до 11-ти јуни, потоа на 14-ти јуни и повторно на 21-ви и 22-ри јуни. На оваа лента се произведува компактниот кросовер C-HR. Пауза ќе важи и за втората производствена лента во Ивата, за следните денови: Од 9-ти до 11-ти јуни и од 14-ти до 15-ти јуни. На таа лента се произведуваат Yaris и Yaris Cross.

Втората фабрика што ќе мирува, исто така е дел од Toyota Motor East Japan, Inc. (TMEJ), но се работи за фабриката во Мијаги, каде што производствените ленти ќе бидат запрени меѓу 9-ти и 11-ти јуни. Таму се произведува Yaris Cross.

Претходна објаваLexus достигна два милиони продадени автомобили со хибриден погон
Следна објаваAudi посветува пет години за да развие нова генерација волани

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here