за

Toyota за јапонскиот пазар има RAV4 со изглед на RX

Toyota Harrier
Toyota Harrier

Toyota го најави почетокот на продажбата на новата генерација на моделот Harrier на јапонскиот пазар за јуни. Во првите две генерации, моделот беше идентичен со Lexus RX, оттаму доаѓа и стилската поврзаност меѓу двата модели. Актуелниот модел користи иста техника со RAV4.

Harrier има традиција на јапонскиот пазар од 1997 година, кога Toyota го претстави овој модел како „урбан СУВ“. Сега е ред традицијата да ја продолжи моделот од четвртата генерација. Исто како и кај останатите нови модели во целата групација, водечката идеја при развојот на новиот Harrier биле емоциите, почнувајќи уште од гледањето, и нормално, кулминирајќи со чувството при возење и патување.

Концептот вклучува едноставност, елеганција, робустност, сето тоа понудено во купе-каросерија. Внатрешноста е изведена со цел да посредува чувство на безбедност. Средишната конзола е посебно стилизирана и изведена е со идеја да потсеќа на коњско седло. За чувството на просторност да се засили дополнително, горната половина од арматурната табла преоѓа во вратите.

New item by Automedia MK / Google Photos

Панорамскиот покрив е речиси стандард кај Lexus, но ова е првпат тој да се вградува во модел на Toyota. Интересен детал е тоа што транспарентноста на стаклата се менува електрохроматски. Комбинацијата од кафени, сиви и црни нијанси во внатрешноста придонесува во создавањето на смирувачка средина.

Техничката основа е идентична со Toyota RAV4, вклучувајќи го секако и хибридниот погон

Моделот ја користи платформата TNGA, односно нејзината верзија GA-K, којашто меѓу другото ја сочинува базата и на актуелниот RAV4. Ниското тежиште придонесува за возењето да биде покомфорно, но во исто време и возните својства да бидат подинамични.

New item by Automedia MK / Google Photos

Harrier во новата генерација се нуди и во хибридна изведба, како и во верзија со погон напред, што претходно не беше случај. Моделот стандардно поседува Toyota Safety Sense, вклучувајќи и систем за самостојно запирање што препознава пешак на пат и во ноќни услови, како и велосипедисти. Првпат во Toyota се вградува дигитален внатрешен ретровизор, со функција за снимање на сообраќајот пред и зад возилото за време на возењето.

Технички податоци · Toyota Harrier Hybrid 4WD

New item by Automedia MK / Google Photos
  • Димензии (Д х Ш х В) 4740 х 1855 х 1660 mm
  • Меѓуоскино растојание 2690 mm
  • Растојание од подлога 195 mm
  • Празно возило 1770 kg
  • Круг на вртење 11,4 m
  • Погон на сите тркала E-Four
  • Мотор 4 цилиндри, 2487 cm3
  • Моќност 178 КС при 5700/min
  • Вртежен момент 221 Nm меѓу 3600 и 5200/min
  • Електромотор напред, моќност 120 КС
  • Електромотор напред, вртежен момент 202 Nm
  • Електромотор назад, моќност 54 КС
  • Електромотор напред, вртежен момент 121 Nm
  • Системска моќност 222 КС
  • Пренос на сила CVT
  • Гуми 225/55R19

https://www.instagram.com/p/B-_jKkhHN0p/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мажите се поголема опасност во сообраќајот од жените

Мажите се поголема опасност во сообраќајот од жените

skoda scala најпопуларни бои автомобили

Возачите на Skoda Scala и Kamiq сакаат тркачки сина и кварцно сива